Топли тонови за ладни денови: Маникир инспириран есенски лисја. / Нашиот маникир ги следи топлите тонови на есента. Новиот тренд на маникир инспириран од есенски лисја го освои интернетот. Истиот, носи палета на топли бои: од темно портокалова, преку бордо, па до шумски зелена. Овој маникир ја одразува есенската атмосфера и додава елеганција – сува драма на секој ден.


Топли тонови на бои кои ќе ги обележат есен 2025:
Темно портокалова – Симбол на топлина и енергија на есента, совршена за оние кои сакаат да останат позитивни и во постудените денови.

Сенф жолта – Оваа нежна и весела боја потсетува на есенските зраци и природната топлина.

Кестенесто кафеава – Класичната, елегантна и топла боја која не излегува од мода.

Бордо – Боја која симболизира страст и самопочит, совршена за есенскиот маникир.

Карамела кафеава – Меката и нежената карамела е боја која носи комфорт и топлина.

- Шумско зелена – Оваа боја, инспирирана од зимзелени дрвја, е смирувачка и природна, идеална за минималистите.

Зошто да го пробате?
Топлите есенски тонови за маникир не само што ќе ги разубават вашите нокти, туку ќе ја носат есенската енергија и топлина на вашите прсти. Испробајте го овој тренд за да ги добиете најубавите есенски моменти на вашите нокти!
