Токсичен воздух е сериозниот непријател за здравјето –не само на белите дробови туку и на мозокот, особено кај децата. Скопје, познат како еден од најзагадените градови е трагичен пример. Пример за тоа како воздухот што го дишеме може да влијае на когнитивниот развој кај најмладите и на менталната оштрина кај возрасните.
Истражувањата покажуваат дека честичките од токсичен воздух или загаден воздух, ги напаѓа респираторните органи што имплицира на хронични белодробни заболувања. Овие чесстички истовремено, пенетрираат во мозокот, предвидувајќи когнитивни оштетувања и зголемен ризик од деменција. Кај децата, оваа невидлива закана може да резултира со потешкотии во учењето и развојот. Кај возрасните влијае врз меморијата и способноста за концентрација.
Во оваа битка против токсичниот воздух итно е потребна свест и акција-за здрава иднина каде воздухот нема да биде причина за ранливоста на следните генерации.
Мора да разбереме дека борбата за чист воздух е одговорност на секој од нас како дел од решението. Само со доследно спроведување на сите можни мерки – од зелени зони и чист јавен превоз до енергетска ефикасност како и контрола со континуиран мониторинг на индустриските емисии –можеме да ја победиме оваа невидлива закана. Време е сите да се вклучиме за доброто на сите нас и доброто на идните генерации.