Единствено преживеано мени за вечера на Титаник, се продава на аукција

На луксузниот брод, Титаник, искуството со пловење не само што вклучувало удобност и луксуз, туку и богато мени. 

Тоа обично се создавало имајќи ги во предвид префернциите и културните разлики на патниците. Едно такво богато мени и единствено преживеано за вечера на Титаник, се најде во фото-албум од 1960тите. Тој некогаш му припаѓал на Лен Стивенсон, историчар од Нова Шкотска. Истото, ќе се продава на аукција и се очекува да биде продадено за 70.000 фунти.

Тоа, всушност бил оброкот кој бил послужен ден откако бродот го напуштил Квинстаун, Ирска, пловејќи за Њујорк. Само три дена пред да удри во пловечка санта мраз на своето прво патување преку Атлантикот.

Титаник

На менито е предочен зготвениот десерт со пудинг на Викторија. Таа вечер бил послужен со кајсии и француски сладолед. Имено се правел со мешање брашно, јајца, џем, ракија, јаболка, цреши, кора од лимон, шеќер и зачини, како и остриги, лосос.. Како и говедско месо, младо гулабско месо, патка и пилешко послужени со компири, ориз и пире од пашканат. Сето тоа наведено на картон обоен со вода под логото „White Star“.

Титаник

Ендрју Олдриџ, менаџер на аукциската куќа „Хенри Олдриџ и син“, верува дека уште неколку врвни менија ја „преживеале“ трагедијата, во која загинаа 1.500 луѓе.

Некои од предметите понудени на аукцијата се спасени од потонатиот брод, некои се во сопственост на преживеани, а некои, како богатото мени за вечера за 11 април, веројатно биле земени од бродот како сувенир, пишува Гардијан.

Титаник