Брилијантниот ум на Тина Тарнер – Најпознатите цитати

tina turner citati

Легендарната кралица на рокенролот – Тина Тарнер, си замина од овој свет на 24 ти мај 2023 година, на 83 годишна возраст.

Она што го остави зад себе е нејзината оригиналност во музичките изведби со најголема доза на енергија и пасија кон работата. Како таква останува пример за многу ѕвезди од музичката сцена.

Покрај совршените изведби, зад себе остава брилијантен ум преку нејзините мисли преточени во „најпознати цитати“.

 -Тајната на мојата убавина е во тоа што јас сум задоволна од тоа како изгледам. Не практикувам посебни креми и третмани. Погрешно е да мислите дека сте она што го ставате на себе. Верувам дека како ќе изгледате, зависи од вашето чувство во врска со вас и со вашиот живот. Среќата е најголема тајна на животот.

-Јас немав никого во животот, навистина бев сама и бев принудена да тргнам по својот пат. Секогаш од почеток. Морав сама да одам во светот, да бидам силна , да ја откријам мојата мисија во животот. Верувам дека само ако се испрвиш и тргнеш, животот ќе ти се отвори.

тина тарнер цитати

-Ако сте несреќни со било кој и било што – мајка, татко, маж, жена, работа, шеф, автомобил, што и да ви смета, ослободете се од сето тоа. Затоа што ќе откриете дека кога сте слободни , вашата вистинска креативност, вашето вистинско Јас, излегува на виделина.

-Луѓето мислат дека мојот живот беше тежок, но јас мислам дека тоа беше прекрасно патување, Колку повеќе стареете, повеќе осознавате дека не е важно што ви се случува, туку како се носите со тоа.

-Моето наследство е дека останав на својот пат … од почетокот до крајот, затоа што верував во нешто внатре во мене.

-Сакам да знам која е суштинската разлика меѓу мажот и жената.

-Никогаш не реков , немам ова, немам она… Реков-сеуште го немам ова или она, ама ќе го имам.

тина тарнер цитати