ТикТок на суд! Седум француски семејства поднеле тужба против ТикТок. Овие семејства ја обвинуваат платформата за промовирање штетна содржина која довела до самоубиства на две 15-годишни деца.
ТикТок на суд! Во тужбата, адвокатот Лаура Бутрон Мармион посочува дека алгоритмот на ТикТок изложил тинејџери на видеа кои ги поттикнувале на самоповредување, нарушување на исхраната и самоубиство.
Родителите бараат одговорност! – Ова е прв случај на ваква тужба во Европа. Родителите бараат правна одговорност и признание од ТикТок, која, како тврдат, не го обезбедила безбедниот производ што го нуди на малолетните корисници. Платформата, која се соочува со со слични обвиненија во САД, не го коментираше случајот.