Летото можеби ви е за разладување и лежерни вечери… Ама ако сакате вистински трилер што ќе ве залепи за екранот – време е да ѝ дадете шанса на мини серијата The Night Manager. Иако е од 2016, оваа серија и денес изгледа свежо и напнато, како да е снимена вчера.
Имено, The Night Manager е шпионски трилер инспириран од романот на Џон ле Каре, со опасна мисија, криминал и висока доза на напнатост. Ако сте љубител на напнати шпионски приказни полни со опасности и неочекувани пресврти, ова е за вас.
Снимена според светски познатиот роман на Џон ле Каре, оваа крими драма нуди уникатна комбинација од акција… Од мистерија и психолошки игри. Во центарот на настаните е Џонатан Пајн, поранешен британски војник кој работи како ноќен рецепционер во елитен хотел. Неговото минато и вештини не остануваат незабележани. И токму тие го водат до опасна мисија што ќе му го смени животот засекогаш.
Кога британската тајна служба му предлага да инфилтрира криминална мрежа, Пајн се соочува со најголемата задача досега. Да го разобличи моќниот и безмилосен трговец со оружје Ричард Ропер. Ропер е сомничен за темни зделки кои ги поврзуваат политиката, тајните служби и нелегалната трговија со смрт.
За да ја исполни задачата, Пајн мора да стане дел од внатрешниот круг на Ропер, при што ризикува да се изгуби себеси, да ја предаде довербата на блиските и да го загуби животот. Секој негов потег е опасен, секоја лага може да биде фатална.
The Night Manager не е обична серија – тоа е приказна за двојни идентитети, борба за правда и цена која мора да се плати кога вистината е закопана под маските на моќта.