Тестот на Далај Лама ги открива вистинските приоритети на личноста. Ова е забавен и мистичен начин на откривање на вашите приоритети.
Тестот се состои од три едноставни, но длабоки прашања кои имаат цел да откријат кои се вашите вистински вредности и какви се вашите приоритети иако понекогаш не сте свесни за нив.
Во тестот на Далај Лама нема точни или неточни одговори, а целиот процес е возбудлив начин да ги разгледате своите најдлабоки желби и да откриете нешто ново за себе. Прашањата се навистина едноставни, но резултатите може да бидат големо откритие за вас.
Како да го направите тестот?
1 Подредете ги следните пет животни според тоа колку ви се драги, почнувајќи од најомиленото:
Крава
Тигар
Овца
Коњ
Прасе
Вашиот редослед ја открива вашата скала на вредности:
Крава – Кариера
Тигар – Гордост/Самодоверба
Овца – Љубов
Коњ – Семејство
Прасе – Пари
Животното што сте го ставиле на прво место е ваш приоритет во животот.
2 За секој од следниве поими напишете ја првата асоцијација што ви паѓа на ум:
Куче
Мачка
Глушец
Кафе
Море
Овие одговори го имаат следното значење:
Куче – Вашата личност
Мачка – Личноста на вачиот партнер
Глушец – Вашите непријатели
Кафе – Вашиот став кон љубовта
Море – Вачиот живот во целина
Овие асоцијации можат да откријат како ги доживувате луѓето и ситуациите околу вас.
3 Поврзете секоја од следниве бои со личност што ја познавате:
Жолта – Личност која оставила длабок впечаток во вашиот живот
Портокалпва – Личност која ја сметате за вистински пријател
Црвена – Личност кон која чувствувате љубов
Бела – Личност која има посебно место во вашата душа
Зелена – Личност што ќе ја паметите засекогаш
Поврзувањето на бои со луѓе открива како ги перцепирате односите во вашиот живот.