Со овој тест, откријте што ви е најпотребно во моментот. Вашиот избор може да открие важна порака за вас!
Она за што се одлучивте да го изберете, не е случајно. Според овој тест, токму сонцето што сте го одбрале на фотографијата, е огледало на вашата потсвест… На она што најмногу ви недостасува или на скриената сила што ја носите со себе. Овој моќен симбол на енергија, живот и јасност ќе ви открие нешто значајно токму сега.
Дали сте подготвени? Започнете веднаш со овој тест! Изберете едно сонце од фотографијата и дознајте што ви е најпотребно токму сега. Вашата интуитивна поврзаност ќе ви открие во кој правец да тргнете, што треба да прифатите или ослободите. Дозволете му да ви ја открие пораката што ќе ви донесе јасност, сила и инспирација.
Сонце број 1 – Верувајте ѝ на вашата интуиција!
Се наоѓате во чувствителен животен период и пред вас е значајна одлука. Луѓето околу вас мислат дека знаат што е најдобро за вас и ви даваат совети. Но, вие верувајте ѝ на вашата интуиција. Таа никогаш нема да ве изневери.
Вашата интуиција е вашиот најсигурен водич, ослободен од туѓи интереси и намери. Не можете секогаш да им верувате на другите, но на себе можете. Затоа, слушајте го својот внатрешен глас и следете го – тој ќе ве одведе на вистинскиот пат.
Сонце број 2 – Не се откажувајте!
Ова сонце ви порачува да продолжите напред, колку и да ви е тешко! Силата што ја носите во себе е доволна за да ги надминете сите пречки. Она што ве очекува на крајот е вредно за секоја ваша борба.
Запомнете – веќе сте поминале низ многу и тоа значи дека сте способни за уште повеќе. Ваша е иднината која отсекгаш сте ја посакувале. Подигнете ја главата, продолжете напред и верувајте – вашата победа ќе биде голема и заслужена!
Сонце број 3 – Ослободете се од потребата за контрола
Постои една голема вистина: обидот да контролирате сè само ве исцрпува и не ве води никаде. Единственото нешто што навистина можете да го контролирате е вашата реакција на настаните околу вас.
Наместо да се борите против животот, прифатете го таков каков што е. Учете од секоја ситуација, пронајдете ја убавината во сегашниот момент и дозволете си да се движите со природен тек. Кога ќе го направите тоа, ќе почувствувате мир, радост и слобода.
Запомнете – вистинската моќ не е во контролата туку во способноста да се прифати и да се ужива во животот таков како што е!
Кој број го избравте? Споделете го вашето искуство во коментарите!