Терористичките Напади во САД – Поминаа 23 години од Трагедијата

Терористичките Напади во САД – Поминаа 23 години од Трагедијата.

На 11ти септември 2001 година, светот беше шокиран од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон. Исламските екстремисти извршија акција со огромни размери и деструктивност, оставајќи зад себе трајни последици во светската историја.

Денот кој го промени светот и Америка: Годишнината од терористичкиот напад во кој загинаа илјадници луѓе.


Речиси 3.000 луѓе ги загубија животите во терористичките напади што се случија во тоа време, најпоразителните досега познати во историјата, организирани од екстремната исламистичка група Ал Каеда, на Осама бин Ладен.

На тој ден, вторник во 8:46 часот наутро, 11 септември 2001 година, светот го запре здивот. Два патнички авиони, со разлика од 16 минути, удрија во кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на светската метропола. Првиот патнички авион, летот 11 на Американ Ерлајнс, удри во Северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк. Само шеснаесет минути подоцна, уште еден авион, летот 175 го погоди срцето на Јужната кула во 9:03 часот,

Претходно истото утро, членовите на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, комерцијални авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД.

Двете кули на Светскиот трговски центар, кои имаа по 110 ката, се урнаа за час и четириесет минути. Уништени или оштетени беа и околните згради.

Набргу по нападот во Њујорк, имаше напад и во Вашингтон. Нападната е зградата на Пентагон и во неа се урна трет авион. Авионот на Американ Ерлајнс, лет бр. 77 во 09.37 часот. Само четвртиот авион терористите не успаеја да го искористат за разорен напад. Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија во 10:03 часот во полето на градот Стони Крик, недалеку од Шанксвил. Група патници во него се обиделе да ги совладаат киднаперите, надевајќи се дека ќе го киднапираат авионот. Беше летот бр. 93, Јунајтед ерлајнс.

Се претпоставува дека терористите на Ал Каеда имале намера со четвртиот авион да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон, или можеби Белата куќа.

Загинаа вкупно 2.996 луѓе, меѓу кои терористи, киднапери и напаѓачи на Ал Каеда, од кои вкупно 19. Имаше неспоредливо повеќе повредени, според некои извештаи дури 25.000. Исламските екстремисти, напаѓачите, претежно беа од Саудиска Арабија, 15 од нив, како и нивниот лидер Осама Бин Ладен. Двајца беа од Обединетите Арапски Емирати, а по еден од Египет и Либан.

Во Њујорк загинаа 2.606 луѓе, меѓу кои и членови на итната помош, медицински персонал. Загинаа и 343 пожарникари, како и 71 припадник на полицијата и другите безбедносни служби. Меѓу жртвите во Њујорк имаше 372 странски државјани од 102 земји.

Во Вашингтон, односно Пентагон загинаа 125 луѓе. За време на тој напад, во авионот загинаа 59 лица, вклучувајќи го и екипажот. Во авионот што се урна недалеку од Шенксвил, Пенсилванија, пак, вкупниот број загинати беше 40, патници, екипаж и терористички напаѓачи.

Официјалните лица на САД само неколку часа по разорните терористички напади објавија дека напаѓачите биле дел од екстремната исламистичка организација Ал Каеда. Веднаш беше започната сеопфатна акција за справување со таа организација. Лидерот Осама бин Ладен беше убиен на 2 мај 2011 година во Аботабад, во регионот Хазара, на северот на Пакистан. Комплексот на Светскиот трговски центар, односно целата област околу него, беше расчистен во текот на следните осум месеци, а Пентагон за една година.

Во САД со посебна почит се сеќаваат на жртвите од разорните терористички напади од 11 септември 2001 година.

Извор