Терористички напад спречен на концертот на Тејлор Свифт, благодарение на ЦИА

Терористички напад кој можеше да однесе десетици илјади животи, беше успешно спречен на концертот на Тејлор Свифт во Виена. Терористичкиот напад беше спречен благодарение на брзата реакција на ЦИА и австриските власти. Истиот можеше да резултира со огромна загуба на животи на концертот на Тејлор Свифт.  

Планот за терористички от напад беше откриен преку координирани разузнавачки активности. ЦИА, во соработка со партнерските разузнавачки агенции, доби критични информации за намерите на групата поврзана со ИСИС. Овие информации беа навремено споделени со австриските власти. Успеаја да ги уапсат осомничените и да го спречат нападот пред тој да се реализира.

Терористички напад спречен на концертот на Тејлор Свифт

„Австријцитте успеаја да ги уапсат осомничените затоа што нашата агенција, заедно со партнери од разузнавачката заедница, им достави критични информации за плановите на групата поврзана со ИСИС, “ изјави заменик директорот на ЦИА, Дејвид С. Коен.

Три лица, меѓу кои и 19-годишен Австриец, се уапсени како главни осомничени. Се смета дека тие планирале да извршат напад на концертот со користење на експлозиви и ножеви. Австриските власти веднаш ги откажаа закажаните концерти на 8, 9 и 10 август, со цел да го заштитат секој посетител.

Тејлор Свифт, која долго молчеше за откажувањето на концертите, конечно се огласи на Инстаграм. Таа ја сподели својата благодарност кон австриските власти и изрази длабока тага за неизведените настапи. Секако, присутно е огромно олеснување што трагедијата е избегната.

„Откажувањето на концертите беше поразително, но фактот што не изгубивме животи ме исполнува со благодарност,“ изјави таа.

Оваа случка, долго ќе не потсетува за важноста на меѓународната соработка во борбата против тероризмот и заштитата на животите на невини луѓе. Слични инциденти како што е планираниот терористички напад, ја нагласуваат потребата за редовна меѓународна координација. Неопходни се колективни напори во управувањето со глобалните безбедносни предизвици. Само преку обединети дејствија и постојан надзор, може да се осигураме дека сме подготвени за идни закани и ефективно да одговориме на терористички напади и други глобални безбедносни предизвици.