Тајниот јазик на емотиконите: Што навистина значат гравчето и црвената пилула? Емотоконите не се само за емоции – тие носат тајни пораки.
Во денешниот дигитален свет, овие мали симболи – емотиконите, станале клучни за онлајн комуникација. Понекогаш тие се многу повеќе од од само сликовни изрази. Продолжете да читате и откријте како се користат овие скриени кодови и што значат симболите кои ги користат тинејџерите за комуникација!
Тајниот јазик на емотиконите – Од забавни симболи до израз на контракултури и ризични идеи?
Сигурно секој ден испраќате или добивате емотикони во вашите онлајн разговори. Но, дали знаете што значат?
Некои од овие симболи носат длабоки значења што можат да ги откријат тајните на интернет културата. Во хит серијата Adolescence, се откриваат шокантни детали за тоа како емотиконите стануваат средство за изразување на ризични идеи и групни идентификации.
Инцел и опасните симболи: Како се користат гравчето и црвената пилула?
Тинејџерите и младите користат тајни кодови за да изразат својата идеја за светот. Овој симбол е поврзан со групи на интернет кои имаат негативни ставови кон жените и веруваат дека жените имаат премногу моќ. Симболот е користен од инцел заедниците.
Кога емотиконите стануваат таен код – не толку невини сликички!
Црвената пилула – означува „видов вистина“ и води до онлајн заедницата маносфера, каде што мизогинистичките идеи се шират како заговор.
„100“ – овој емотикон обично значи „целосно“ или „супер“, но во „incel“ е поврзан со со таканареченото 80/20 правило. Според ова тврдење, 80 % од жените наводно се заинтересирани само за најатрактивните 20% од мажите, додека останатите 80% од мажите се игнорирани. Оваа идеја произлегува од економијата, но нема никаква научна основа кога станува збор за љубовните односи.
Гравчето – изненадувачки, означува дека некој е инцел, но потеклото е нејасно. Можно е да доаѓа од емотиконот кафе, кој, во одредени кругови се користи за потсмев кон жените.
❤️💜💛Боите на срцата – не значат само љубов. На пример, лилавото означува сексуална желба, жолтото е за флерт, а розовото покажува интерес, но не за секс.
Серијата предупредува дека емотиконите се многу повеќе од обични сликички – тие можат да пренесат скриени пораки. Дали знаевте за ова?