театар

Завршува 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Завршува 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Вечерва во Струмица ќе додели наградата за високо актерско достигнување. Со тоа ќе заврши и 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. „Фестивалското жири го предводи ланскиот лауерат, актерот Јордан Симонов, режисерот Александар Ивановски и драматургот Билјана Крајчевска. Вечерва пред полноќ жирито треба да донесе одлука. Кому ќе му припадне златниот медалјон со ликот на Шишков и паричната награда во износ од 1.500 евра? 45 актери од осум претстави од земјава и Бугарија се во конкуренција за единствената фестивалска награда. Претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски од Драмскиот театар од Скопје,…
Прочитај повеќе
Награда за најдобра претстава на НУ НТБ на ИНФАНТ во Нови Сад

Награда за најдобра претстава на НУ НТБ на ИНФАНТ во Нови Сад

НУ НТБ во паника. Па зошто? Нема простор на полиците... Тој веќе е натрупан со признанија, дипломи, награди, а еве ти уште една награда! Имено Битолскиот Театар блесна откако црвената завеса во Нови Сад се подигна и уште еднаш докажа дека Битола пулсира во првите редови на уметноста. Во соопштение за ,,razbudi se", НТБ извести: Жирито на 51. ИНФАНТ фестивал беше во состав Јована Балашевиќ- актерка, Јелена Радовиќ - сценограф и Милован Филиповиќ - актер. Жирито едногласно одлучи да ја додели наградата - за НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА на НУ Народен театар Битола  за претставата  ,,Хамлет - денот на убиствата“ од Колтес,…
Прочитај повеќе
Народниот театар Битола го започнуваме чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија

Народниот театар Битола го започнуваме чествувањето на 80-тиот роденден на најстариот театар во Македонија

Во месец јуни најстариот театар во Македонија, Народниот театар Битола го започнува чествувањето на 80-тиот роденден кое ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14.11.2024. Во рамките на прославата ќе имаме серија гостувања на театари од земјата и од регионот. Чествувањето на 80-тиот роденден на Народниот театар Битола започнува со претставата ,,НА ДНОТО НА ОКЕАНОТ ПОСТОЈАТ НЕКОИ СВЕТОВИ “. Истата ќе се одржи на 12.06.2024 год. Претсавата е во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска.Автор :Романо НиколиќДраматург: Оља ЛозицаАктери: Анита Макиќ ДелиќФрањо Мешковиќ Имено, ,,НА ДНОТО НА ОКЕАНОТ ПОСТОЈАТ НЕКОИ СВЕТОВИ “ е претстава што…
Прочитај повеќе
Наскоро нова премиера на НТБ –  ,,НА ДНОТО“ во режија на Ќендрим Ријани

Наскоро нова премиера на НТБ – ,,НА ДНОТО“ во режија на Ќендрим Ријани

Битолскиот народен театар неуморно работи. Наскоро публиката ќе има можност да проследи уште една премиера. Станува збор за претставата ,,НА ДНОТО“ од Максим Горки. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани, докажано име во театарскиот свет. Eден од најпрогресивните театарски режисери на нашата сцена во последните неколку години. Ќендрим Ријани се зафаќа со важни теми, големи драмски текстови и ни пренесува пораки низ светската драматургија. Со оглед на фактот дека екипата е пол погодок, очекуваме добра премиера што ќе ги задоволи апетитите на публиката и не се сомневаме дека „На дното“ ќе заслужи громогласен аплауз. Премиерата ќе се прикаже на…
Прочитај повеќе
Нова театарска сензација : Премиера на најновата претстава на Битолскиот Театар: ВУЈКО ВАЊА

Нова театарска сензација : Премиера на најновата претстава на Битолскиот Театар: ВУЈКО ВАЊА

Битолскиот Народен Театар со нова претстава: ВУЈКО ВАЊА Нова година, нови театарски искуства. Време е за уште една театарска еуфорија, што и во 2024 ќе ни покаже посебна уметничка димензија над штиците што живот значат. Нашите актери се подготвени, а ние како публика едвај чекаме да се сместиме во удобните црвени фотелји и да видиме што се „готви“ зад завесата. Имено, од Народен Театар Битола соопштија дека на 26ти Јануари Петок, со почеток во 20 часот претставата ВУЈКО ВАЊА од А.П.Чехов ќе ја доживее својата премиера за сите театарски љубители во нашиот град. Првата реприза ќе се „емитува“ на 27ми…
Прочитај повеќе
Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски

Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски

Македонската театарска и филмска сцена се збогува со уште едно големо актерско име -Почина Мето Јовановски Голем број култни телевизиски и филмски улоги, театарски претстави… Мето Јовановски беше едно големо звучно име на театарското глумиште. Со пиетет на маестрален актер, талент и пред се човек, Јовановски се збогува со театарската и сцената на животот на 77 годишна возраст. Јовановски ќе остане запаметен по филмовите „Трето полувреме“, „Среќна Нова 49-та“, „Тетовирање“, „Опстанок“ и многу други. Минатата година за за неговиот придонес во филмската уметност, актерот се закити со наградата „Златен чадор“. Стануваше збор за престижна награда на познатиот филмски фестивал во…
Прочитај повеќе
Одбележан 79 роденден на Народен Театар Битола-Театарот е МАГИЈА

Одбележан 79 роденден на Народен Театар Битола-Театарот е МАГИЈА

-Театарот е вселена полна со противречности, дуалности и двојности кои тежнеат кон хармонија … - Не потсетија актерите Никола Стефанов и Илина Чоревска во улогата на водители кои не водеа низ автентичен музичко-сценски перформанс по повод 79 роденден на Народен Театар Битола. -Затоа сме тука да создаваме, да креираме твориме еден единствен, неповторлив и магичен свет... А тоа е светот на театарот… На оваа сцена поминале многу парови, успешни и неуспешни… Парови обични и необични…Парови на сцена, но и во приватниот живот…“ Вчеравечер пред преплна сала, Народен Театар Битола го прослави својот 79 роденден. Музичко-сценскиот перформанс „Парови“ не движеше низ…
Прочитај повеќе
Интимен Театар вечерва со премиера на претставата КУКЛЕН ДОМ

Интимен Театар вечерва со премиера на претставата КУКЛЕН ДОМ

Вечерва (Среда, 15ти ноември), во 19ч, ќе се случи премиерата на театарската претставата КУКЛЕН ДОМ. Претставата е работена по текстови на Хенрик Ибзен, како и по авторски материјали на Билјана Крајчевска. „Куклен Дом“ е во продукција на Интимен Театар Битола, а режијата е на Софија Ристевска Петрушева. Се разбира дека очекуваме експлозија од емоции. Посебно театарско искуство со докажаните актерски имиња. Валентин Дамчевски и Катерина Аневска Дранговска. Знаеме дека Софија со Интимен Театар уште еднаш подготвуваат театарска сензација што задолжително треба да ја погледнеме. Имено проектот е поддржан од Министерството за култура, а ќе се изигра во просториите на Приватната…
Прочитај повеќе
…А што е театар?

…А што е театар?

Театар е слух за доброто, пост и поздрав за убавото.Театарот е ехо на уметноста, извик на душата, повик кон свесноста. Театарот е благодет во секој ден. И во оној кога има сонце, и во оној кога „гори“. Театар е елеганција, посебен приказ на уметност. Театарот е моментум, има посебен дух, миризба, опиум. Оној кој еднаш влегол во нашиот театар, можеби до некаде ја разбира моќта, вистинската причина и она магично чувство на димензионалност и длабочина. Тoa е волшебство уште од првиот миг кога само помислуваш на него. Театарот, особено битолскиот, нашиот, конзулскиот, започнува уште од дома. Од мигот кога ќе…
Прочитај повеќе
Кога бракот е пион на општетсвениот шаховски механизам: „Ако останеш дома“ – Претстава што задолжително треба да се најде на вашиот репертоар

Кога бракот е пион на општетсвениот шаховски механизам: „Ако останеш дома“ – Претстава што задолжително треба да се најде на вашиот репертоар

Кога „нашиот“ хумор e резултат на општествениот очај! - „Ако останеш дома“ Претстава за тажната слика на секојдневието, рутината, публиката. Според нас како публика, важно е да одиш на претставата порано. Затоа што најпрво го мирисаш воздухот надвор, палиш тутун, се готвиш за уште една емоција. Уште еден ролеркостер кој остава трага. Тоа е некој „адет“, култ кој ти го развива душата. Потоа влегуваш во фоајето и го мирисаш театарот. Тендeнциозно се движиш на кај сцена и започнуваш да откриваш. Тоа е филинг, тоа е мајсторијата и на актерот и на сцената и на публиката. Како што еден пријател актер…
Прочитај повеќе