КРЕАТИВЕН ДЕН – Културен настан со посебен акцент кон модата и нашите дизајнери
Оваа Сабота, на 10ти Јуни, очекуваме уште еден имресивен културен настан. Како инспиративна точка што го следи модниот урбан кодекс, во просториите на КИЦ - Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи КРЕАТИВЕН ДЕН кој организаторите со автентичен опис го нарекуваат - линк меѓу образованието и бизнис секторот. Нашата конзулска Битола ќе биде градот домаќин каде ќе се сретнат сите текстилни и модни училишта од државата, а токму битолската публика е брендот кој го препознава култот кон модата и дизајнот. Често не споредуваат за французите и нивните модни настани, со италијанските модели и перфекционистичкиот капацитет на препознавање на модната култура.…