дизајн

„Богатство на полица“ – Книгите како аксесоар во ентериерот

„Богатство на полица“ – Книгите како аксесоар во ентериерот

„Богатство на полица“ е нов тренд во украсувањето на домовите во 2024та година. „Богатство на полица“ ја нагласува важноста на книгите и уметноста како дел од внатрешната декорација. Популарно, трендот е изразен преку универзалниот јазик „bookshelf wealth“. Обелоденува нов пристап кон домашното украсување. Совети за внесување на трендот во вашиот дом: Изберете посебна полица за книги што ќе го одрази естетскиот стил на трендот. Внимавајте полицата да не биде пренатрупана со предмети, бидејќи просторот треба да биде функционален и удобен. Играјте со различни начини за редење на книгите и предметите на полиците. Тоа ќе донесе иновативност во просторот. Експериментирајте со различни…
Прочитај повеќе
Внесете нов воздух во дневната соба и реновирајте со стил

Внесете нов воздух во дневната соба и реновирајте со стил

Внесете нов воздух во дневната соба со овие елементи на уредување. Не се колебајте! Дополнете го стилот и персоналитетот во центарот на секојдневните, забавни случувања. 1. Масичка со модерен изглед Оваа масичка во дневната соба има своја причина да биде токму таму каде што ќе ја поставите. Стилот и функционалноста се споиле во едно цело. Околу неа се собираат и уживаат сите членови на семејството. View this post on Instagram A post shared by Yasmin (@holayasmin_) 2. Теписи за топлина, мек и нежен допир на стапалата Загрејте ги стапалата со дупла топлина. Газете како на песок од жешката плажа. Тоа…
Прочитај повеќе
Која боја ќе биде хит во ентериерот за 2024?

Која боја ќе биде хит во ентериерот за 2024?

„Benjamin Moore“, популарниот американски бренд за бои за ѕидови, објави боја која боја ќе биде хит во 2024 година. Станува збор за нијанса на сината таканаречена „Blue Nova 825“. Прогласена за боја на 2024 година, таа е нежна и суптилна варијанта која ќе внесе свежина во вашиот дом. А доколку ја искомбинирате со црвена, зелена или портокалова, ефектот ќе биде уште поголем. View this post on Instagram A post shared by Michele Alfano (@michelealfanodesign) Смирена, а истовремено и силна и впечатлива боја што асоцира на елеганција и урбано во домот. Во продолжение погледнете неколку идеи за тоа како да ја…
Прочитај повеќе
Зимска хармонија во вашиот дом – Дизајн инспирација

Зимска хармонија во вашиот дом – Дизајн инспирација

Ајде да се нурнеме во атмосфера на удобност, стил и дизајн што само зимата може да ни ги понуди. Во оаза на удобност и топлина, зимата станува насловна страница од најубавата сликовница. Префрлете се во светот на белата нежност со зимски дизајн и ентериер. Вклучете топли дрвени акценти во комбинација со овчи кожи, кадифени и кашмирни  перничиња и килими со длабоки влакна кои ќе ви ги галат стапалата. Канализирајте топлина и текстура која ќе го поттикне семејството на пријатен разговор. Поставете гранки од природна елка со сребрени акценти  во аголот кој повикува на елегантно дополнување.  Не заборавајте на топлите светилки…
Прочитај повеќе
Донесете ги Алпите во вашиот дом – Алпска инспирација

Донесете ги Алпите во вашиот дом – Алпска инспирација

Замислете рустикалната колиба на Алпите, пријатна и мирна атмосфера. „Епска“ тишина далеку од метежот и вревата на големиот град. Впечатокот би бил дека овде времето застанува и часовниците отчукуваат побавно. Но, зошто оваа дизајнерска приказна да не ја пренесете во вашиот дом? Разгледувајќи некои фотографии за ентериер кој секако му прилега на снегот и романтичната зима, фокусот го зароби еден тренди, смирен и спокоен стил инспириран од Алпите. Рустикален дрвен мебел, природни материјали и алпски мотиви се основната суштина на живеење во овој стил. Цврстиот мебел во местата на кој се наоѓаат некои од хотелите на фотките подолу, е направен…
Прочитај повеќе
Топ 6 трендови за внатрешен дизајн 2023

Топ 6 трендови за внатрешен дизајн 2023

Трендовите се менуваат, но некои остануваат. Еве што не очекува во поглед на дизајн и ентериер за оваа зима. Домот е место од кое започнува сѐ. Како ќе се чувствувате во животот, како ќе се однесувате понатаму и какви приказни ќе креирате, започнува од домот. Создадете совршено катче од вашиот ентериер. Бидете креативни, а за нешто плус идеја, еве што кажуваат советите за дизајн. Заоблени и неправилни форми Веројатно со цел да се сруши оној перфекционистички поглед кон организацијата и изработката на внатрешниот дизајн, се препорачуваат заоблени агли и неправилни форми во однос а деталите и ѕидовите. Сепак, изборот е…
Прочитај повеќе
Во домот на париските дами – Идеи за француски стил на уредување

Во домот на париските дами – Идеи за француски стил на уредување

Украсувањето на вашиот дом во стилот на домот од Париз е вистински  предизвик. За да бидете чекор поблиску до остварувањето на „француски дом од соништата“, без разлика на кој меридијан од светот живеете, првично  обрнете внимание на архитектонските карактеристики: антички камин, паркет дрвени подови, високи тавани и француски прозорци (со висина од подот до плафонот). Овие карактеристики е тешко да се најдат надвор од Париз, но кога е во прашање  „дом од соништата“,  би можеле да се создадат. Во суштина, дрвените подови лесно можат да бидат присутни и во вашиот простор на живеење. Вие само додајте карактер и шарм. Поставете…
Прочитај повеќе
Овој винтиџ предмет е одличен детал кој ќе го разубави вашиот ентериер

Овој винтиџ предмет е одличен детал кој ќе го разубави вашиот ентериер

Овој винтиџ предмет е перфектен начин да направите совршен микс помеѓу старото и модерното. Пренаменете ја старата добра „сингерка“ - шивачка машина и направете го урбано она што е старо. Ако во некој агол од вашата куќа, се наоѓа старата добра  „сингерка“, машина за шиење еве една идеја. Ако овој винтиџ предмет, кој се пренесува од колено на колено, во моментот е само правлива машина и вон употреба од  „x“  причини, време е да ја пренамените. Добивате ново парче мебел како микс на антика и тренд. Оживејте го нејзиниот изглед од атрактивна маса за двор, до романтична маса во вашето…
Прочитај повеќе
Бела и „браун“ – Микс кој го импресионира модерниот ентериер

Бела и „браун“ – Микс кој го импресионира модерниот ентериер

Во моментот, „микс на бело и кафеаво“ е апсолутен тренд во светот на модниот ентериер. Во зависност од количината на „кафеавото“, бежовата боја делува како „топла или ладна“. Така, соодветно го прилагодуваме размерот во комбинација со други бои во насока на визуелен ефект. Светлите бои даваат ефект на „отворена просторија“ . Со тоа и најмалиот простор изгледа поголем и создава чувство на комфор во самиот ентериер. Материјалите за декорација кои би можеле да одговараат на оваа исклучително пријатна боја се: дрво, волна, филц и коноп. Бежовата асоцира и на бохо стил кој има посебно место во однос на идеите за…
Прочитај повеќе
Создадете идеален простор за вашите деца – Уредување на детска соба

Создадете идеален простор за вашите деца – Уредување на детска соба

Ако сакате да направите идеален простор за вашите деца и најубава детска соба, ви предлагаме совет од Лиза Франк. Франк е комерцијален дизајнер на производи за деца и оснивач на Lisa Frank Incorporated со седиште во Тусон, Аризона. На самиот почеток вклучете идеја која ја балансира перспективата на вашето дете. Споделувањето на бои, текстури, форми е од големо значење. Детето треба да ја почувствува таа детска соба која што ја креирате, како топла и возбудлива. Тоа е без оглед на неговата возраст. „Ако се потсетите на вашите детски години, големи се шансите дека сте имале претпочитан лик од филм или…
Прочитај повеќе