КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР одбележа 10 години од своето возобновување – Магична музичка приказна што стана уметнички бренд во Битола
Синоќа во Центарот за култура, во раскошно величествена атмосфера, со посебна свеченост, Камерниот оркестар на Битола ја одбележа 10 годишнината од своето возобновување. Што се однесува до историјата на овој познат бренд, тој постои повеќе од четири децении. Професорите Кирил Петков и Зоран Маневски на почетокот биле имињата кои го водеа Камерниот оркестар. Музичари и ентузијасти беа дел од оваа магична музичка приказна, која по неколку години во 2013, повторно одново ја роди идејата за возбновување на оркестарот. Реализацијата на ваквата идеја се оствари од страна на диригентот, виолист и аранжер Владимир Димовски и виолистот и професор во Средното музичко…