Урбана и шармантна ноќ – Битола во зима, низ објективот на Сашо Ставрев
Битола - урбана зимска убавица низ фотографиите на Сашо Ставрев Зошто пишувам на вечер? Зошто после 12 часот ми доаѓа да палам тутун, да седнам покрај прозорецов... (фото - Сашо Ставрев) Да се стуткам во тоа исто меко ќебе и во пролет и лето и есен и зима…? Исто топли. Исто гушка. Делува приспивно и не толку приспивно. Можеби му се спие само на оној кој не знае и не сака да пишува. И во право е. Сака да си одмори човекот. Да си регенерира., да се опушти. Да го испразни цел тој фолдер од обврски, работни, љубовни, семејни и…