Што имаат да кажат матурантите и Акив во југото на Мими
Мими го следиме од самите почетоци. Секогаш има брилијантни идеи и знае кои гости да си ги викни во југото. И секако го „фаќа“ актуелното или актуелните дешавки низ Битолата, а богами почна да се шири и низ Македонијата. Инаку, овој пат Мими ги викна матурантите во олтајмерот или поточно тие со југото сакаа да одат на матура. Такви цели со се фустање и костуми, дуздисани сите влегоја во југото на Мими и ја искористија шансата да ја покажат шминката пред камера. Младост лудост. Матурантите во емисијата Mimi YUGO раскажаа за школските денови, за времето поминато во школските клупи. Споделија…