Започнува Д ФЕСТИВАЛ – Најголемиот летен музички фестивал во земјава досега!

Започнува Д ФЕСТИВАЛ – Најголемиот летен музички фестивал во земјава досега!

Започнува Д ФЕСТИВАЛ Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат. Го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на уметностите, мирот, слободата и заедништвото. Повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма, како и најголемиот интерес за влезниците навестуваат дека пред нас е најдоброто издание на Д Фестивал досега чија тридневна…
Прочитај повеќе
Битолчани повторно ќе уживаат на Копанки – Започна реконструкција на планинарскиот дом

Битолчани повторно ќе уживаат на Копанки – Започна реконструкција на планинарскиот дом

Освен како урбано место, Битола е позната и по мирисот на молика, планинскит воздух и местото кое го знаат генерации наназад - Копанки. После немилиот настан пред 10 години и после опожарувањето на домот, вчера започна реконструкцијата на истиот. „КОПАНКИ СТАНУВА РЕАЛНОСТ ЗА БИТОЛЧАНИ! Денес, после 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки. Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот…
Прочитај повеќе
„Налеј, налеј“ на  Миле Кузмановски ежи и плени со емоции

„Налеј, налеј“ на  Миле Кузмановски ежи и плени со емоции

„Налеј, налеј“ е песна која често и со огромно задоволство ја изведувам на моите настапи.“ -Верувам дека преку овој проект ќе успееме убавата македонска песна да ја доближиме до младите луѓе. „Налеј, налеј“ се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа“, вели Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те носиме“, а чија изведба е всушност третата по ред нумера што јавноста добива можност да ја чуе. „Налеј, налеј“ е македонска народна песна, чии стихови според достапните податоци се…
Прочитај повеќе
Посебен фокус кон младиот потенцијал – Заврши 22 издание на Битола Отворен Град

Посебен фокус кон младиот потенцијал – Заврши 22 издание на Битола Отворен Град

Битола измината недела беше трансформирана во отворена музичка и уметничка сцена. „Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ги спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од трансформација на говорот на омраза во улична уметност до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за илјадната публика која не следеше во сите фестивалски денови" - истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал. Младите му дадоа урбан лик на градските ѕидови, трансформирајќи ги…
Прочитај повеќе
Второ издание на „Модерно Скопје“ –  Музичко сценски спектакл во срцето на главниот град

Второ издание на „Модерно Скопје“ –  Музичко сценски спектакл во срцето на главниот град

На 25-ти јуни, во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, по втор пат скопјани ќе уживаат во музичкиот спектакл, фестивал насловен како „Модерно Скопје“. И ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство со најдобрите македонски артисти. Исото, ќе биде со слободен влез и ветува богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен настап на „Поточиња“, како и веќе докажани музички имиња меѓу кои Таско, Тони Зен, Ивона Јо и Куку Леле. „Модерно Скопје“ и оваа година ќе биде…
Прочитај повеќе
Битола продолжува да брилира во име на уметноста: „Битола Шекспир фестивал“ 2023

Битола продолжува да брилира во име на уметноста: „Битола Шекспир фестивал“ 2023

Со претставата „Магбет“ во режија на Ниќита Миловојевиќ ќе започне деветтото издание на Шекспир Фестивалот. Свеченото отворање на брендираниот фестивал кој го слави делото на најголемиот англиски и светски драмски писател, ќе биде на 23 Јуни со почеток од 20 часот.   „Судбината за играчка ме има“ е овогодинешното мото на фестивалот, а за тоа што стои зад оваа приказна, Илина Чоревска ќе рече: -„Судбината за играчка ме има.“ Тоа е реплика на Ромео и токму од неа се променува текот на неговиот живот. Сета убавина што до тогаш ја знае како едно невино младо момче, станува различна реалност. Ние…
Прочитај повеќе
Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации

Запознај ја Преспа: културен спој на раскрсницата на три нации

Од 23 до 25 јуни, по петти пат тромеѓето на Преспанското Езеро е локација за автентичниот фестивал кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион. Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници. Со разновидна програма која опфаќа гастрономија, еко уметност, работилници, презентации за туризам и презентирање на грантова програма на ЕУ за овој регион, овој уникатен фестивал ветува незаборавно искуство, преку еуфорична прослава на единството, креативноста и заедничкото наследство. Фестивалот започнува во селото Брајчино,…
Прочитај повеќе
На Шеталиште, децата за прв пат ја истрчаа својата прва животна трка

На Шеталиште, децата за прв пат ја истрчаа својата прва животна трка

Со цел да ги поттикне децата од најмала возраст да се „заразат“ со вистински нешта и здрави навики, етаблираната трка Трчај бе, го организираше настанот под името Мини Трчај бе што беше вистински спектакл за нашите најмили. Публиката уживаше во детскиот џагор и ги мотивираше малите шампиони да стигнат побрзо до целта. Победничкиот дух беше неизбежен, но сепак се почитуваше мотото кое беше нагласено од страна на организаторите: „Секое дете кое ќе ја помине целта е победник и секое дете за нас е супер херој“ „Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое…
Прочитај повеќе
За прв пат во Македонија-Детски камп за класична музика кој ќе се одржи во Битола

За прв пат во Македонија-Детски камп за класична музика кој ќе се одржи во Битола

Проектот "Kids Classical Music Camp" ќе се реализира од 12 - 16 јуни во Битола. Главен организатор и лидер во овој проект е Здружението Пијано од Битола, а партнери во проектот се Здружението " Gradus Ad Parnassum" од Сремска Митровица, Србија и музичкото училиште "  Tefta Тashko - Koco " од Корча, Р. Албанија.  Раководните лица на здружението „Пијано“, Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска истакнуваат дека на овој петти повик од Western Balkan Fund и втор повик кој што е поддржан од Европската Унија, од вкупно 347 апликации, избрани се 36 проекти, по 6 од секоја земја членка…
Прочитај повеќе
Битола е урбана мода, детска насмевка и еден пајтон кој одново креира боемски свет

Битола е урбана мода, детска насмевка и еден пајтон кој одново креира боемски свет

Ова беше фантастичен викенд во Битола што ги задоволи сите вкусови на убавото, урбаното, етичното. „Мини трчај бе“, „Креативен ден“, вовчето Мечо што не враќа во тоа наше ретро и еден пајтон што повторно ги краси битолските улици, сокаци, калдрма... Викендов, нашиот град се разбуди во едно детство кон кое долго копнеевме, една желба за враќање на тоа ретро и таа магија од некогаш. Во Битола, одново се роди вовчето „Мечо“, а ние се потсетивме на слаткиот миг во кого животот, со малечки очи го гледавме пред нас. И додека шареноликото импровизирано вовче не шеташе низ градскиот парк назад во…
Прочитај повеќе