Може ли некој да ми ги контролира соништата? – 404 error! – Колумна

Може ли некој да ми ги контролира соништата? – 404 error! – Колумна

Би се осмелил ли некој да ми ги контролира соништата? Има ли таков луд човек? Секако. Тука, денес, вчера, секогаш, но... Хаос во сообраќајниот метеж во соништата. Хаос на пазарот на трудот. Отсекогаш било така. Секогаш имало некој кој намерно поминува на ЦРВЕНО. И така одново си даваме надеж и божествено изникнуваме како феникс и се бориме. Лично, што ќе ти е животов без малку фитиљ и акција. Што ако не е жестоко? Е сега понекогаш станува и тензично, но... Тоа е намерно. Не е случајно. ...И дури пиевме кафе со пријатели, (овие мои „френдици“ и фениксов кој излезе како…
Прочитај повеќе
Се живее ли на пуст остров? – Колумна на Клаудија Лутовска

Се живее ли на пуст остров? – Колумна на Клаудија Лутовска

Се живее ли на пуст остров?Изборот е наш. Како ќе живее ме? Самотнички или социјализиран живот? Колумна на Клаудија Лутовска Секогаш имаме избор. Но, знаеме ли зошто правиме „таков избор“, каков што сме го направиле? Како сме стигнале до тука? Постојат многу теории кога човекот се отуѓува, посакува да се исклучи од општеството, семејството, па дури и од себе си. Очекувајќи дека новото време на информации кои се достапни за секого, глобализацијата која ни се сервира на начин преку кој прво ни се сервира изолација, а потоа глобалност, каде единствениот прозорец кон светот е мобилниот телефон, компјутерот и интернетот. Една…
Прочитај повеќе
Што е успех- Зошто ништо не ми успева? – Колумна на Клаудија Лутовска

Што е успех- Зошто ништо не ми успева? – Колумна на Клаудија Лутовска

Што е успех- Зошто ништо не ми успева? Изборот е наш. Ако избереме да успеваме – успех от е загарантиран Клаудија Лутовска Кога го употребуваме зборот успех, тој за секого од нас има многу различна смисла. Не секој го посакува истиот успех. Затоа е добро да си примениме техника на практикување на успех, како и поставување на цели со планирање. Знаете кога инженерите зборуваат велат од точка А да се случи точка Б, потребно е да се изоди патот, кој носи... Ако успехот е точка Б, тогаш кој е патот да стигнеме до него? Кој е патот да успееме? Патот…
Прочитај повеќе
Љубов или панаѓур? Што ќе избереме? – Колумна на Клаудија Лутовска

Љубов или панаѓур? Што ќе избереме? – Колумна на Клаудија Лутовска

Љубов или панаѓур? - Изборот е наш, што ќе избереме? - Клаудија Лутовска Сите ние, независно од староста, времето, начинот на живот, зборуваме за љубовта. Можеби тоа е и најчесто споменуваниот збор за еден живот. Се чини како цел живот да учиме што е љубов и како да сакаме, но, на крај дали знаеме што е љубов, или од љубовта сме си направиле панаѓур? љубов Се раѓаме, и веднаш почнуваме со сакање, се воспоставува една „зависничка“ љубов со нашата мајка. Полека се осознаваме и продолжуваме со сакање, кон нашиот татко, нашите браќа, сестри, дедо, баба, другари, пријатели, миленичиња... Љубовта се…
Прочитај повеќе
Решивме да си веруваме – Довербата е одлука! – Колумна на Клаудија Лутовска

Решивме да си веруваме – Довербата е одлука! – Колумна на Клаудија Лутовска

Решивме да си веруваме - Довербата е одлука Изборот е наш. Ако избереме да веруваме – стануваме оптимисти, ако избереме да не веруваме- стануваме скептични... Довербата е одлука! Клаудија Лутовска Сите ја знаеме пораката за чашата која е полу-полна или полу-празна. Како ја гледате, такви ви се мислите. Оној кој гледа дека чашата е полу - полна се радува што во неа има доволно вода, може да се изгаси жедта. Оној кој ја гледа полу - празна, е скептичен дали може да се изгаси жед, кога нема доволно. „Ако човек се запознае себе си - би се исплашил“, според ова,…
Прочитај повеќе
100 Благослови или 100 Клетви дневно? – Колумна на Клаудија Лутовска

100 Благослови или 100 Клетви дневно? – Колумна на Клаудија Лутовска

100 Благослови или 100 Клетви дневно?Изборот е наш. Како ќе избереме – така ќе живееме. Среќата не се чека, среќата се создава.Клаудија Лутовска Слушаме разни пораки, мотивации, насоки, или по нашки речено солење на памет, кој најчесто завршуваат без да им посветиме внимание или интерес. Прашањето е како да се биде среќен? Има ли формула? Од каде да се започне? Прашувам помлади, што е подобро за еден ден, да ви помине со 100 благослови, или со 100 клетви? Секако дека секогаш го добивам истиот одговор, 100 благослови. Нели секојдневно има турканица, метеж од возила, маркети, луѓе. ПAРКИРАМЕ КОЈ КАЈ КЕ…
Прочитај повеќе
Ќе летаме или ќе се спуштиме на земја? – Колумна на Ромина Марковска

Ќе летаме или ќе се спуштиме на земја? – Колумна на Ромина Марковска

Од визија до реалност - Ќе летаме или ќе се спуштиме на земја? Со попладневно кафе, малку џез и едно: Здраво! Дали сме ок? Добро, продолжете на оваа линија каде што секој  ред е нова страница на истражување. Време е за „термичка обработка на оваа ајкула на размислување“ и да се порамниме со изборот на темата. Звучи сложено? Ок, од почеток...Од сите дебати во животот, една од најинтригантните е: „Дали сме подготвени „да летаме“ без да гледаме надолу или пак треба да се приземјиме? Да го вратиме фокусот на земјата?! Ова последното, произлезе од изреката која е безброј пати експлоатирана:…
Прочитај повеќе
Колумна: Зошто постоиш?!

Колумна: Зошто постоиш?!

Најтешко било... Не да се глумиш себеси, туку да се откриеш, да се пронајдеш. Да се прашаш кој/а сум јас? И во крајна линија да си одговориш на прашањето: „Зошто постоиш?“ Низ страниците на „Разбуди се“, како апсолутно  погодна текстура за творење со фреквенција од 528 Hz, еднаква на фреквенцијата на самиот живот, би открила една вистина. Во миг на синхронизирано „читање“, топло ви го претставувам мојот детективски профил. Не за да се пофалам, туку да ви раскажам како го градев тоа фамозно детективско досие.  И ја играв улогата на вистински детектив. И бев во тој костим. Зошто? Интересно е…
Прочитај повеќе
Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано!

Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано!

„Понекогаш се преправам дека сум нормален, но потоа станува досадно и се враќам да бидам јас!“ Не комплицирам, тоа доаѓа спонтано! Пред некое време во мала дискусија со пријатели, заглавивме во доста позната проблематика. Дали комплицирам (e)? И колку ни е гајле ако некој мисли така? Прашањето е дали станува збор за медиокритети кои доколку им „нафрлиш“ сериозен разговор кој вклучува психолошки или (според нив) философски осврти, или уметнички пристапи, интернационализми и така натаму, веднаш те напаѓаат. Одеднаш, се случуваат опасни генерализации. Симптомите се детектираат и ти си конзистентно лудиот човек кој и не баш припаѓа во таа средина. И…
Прочитај повеќе