„Ако парите не ти донесат среќа барем ќе ти помогнат да бидеш безгрижно мизерен“
И кога ги имаш, ги немаш. Кога ги немаш, ќе ги имаш. Ама едно е сигурно. Парите некогаш се тука, ќе дојдат и ќе си одат и повторно ќе дојдат, но нас ќе не нема. А дотогаш, дури сме овде на Земјата, главоболки, забоболки и болки од секаков вид. А има. Не дека нема и радости и веселби и празнувања. Но, што е „врзано“ со нив? Секако - парите. Тие се и НАЈМАЛ И НАЈГОЛЕМ ЗАЕДНИЧКИ СОДРЖАТЕЛ. Поконкретно, да ја „решиш“ болката, треба да купиш лек. Да ја „решиш“ свадбената церемонија, ПАК ти требаат пари. И да се радуваш и…