Зрно-фестивалот на алтернативна фотографија и оваа година со промоција на нови ѕвезди и во Битола
Минатата година Зрно фестивалот на алтернативна фотографија, го имаше своето прво издание, а според уникатноста и афтентичниот современ пристап кон уметничкиот фотографски фокус, овој фестивал може да се пофали со уште поголем квалитет и квантитет на содржините. Негувајќи ги благородните фотографски техники и имајќи висок естетски стандард, Зрно, на отворениот повик за дела привлече алтернативни фотографии од околу триесет земји од светот, од сите континенти. Имено, селекцијата ја правеше осумчлено меѓународно жири. „Бруна Валенца и Емилија Сандиќ се млади авторки за кои веруваме дека допрва ќе се слушне, а тоа е дел од пристапот на Зрно, да промовира млади автори/ки.…