„Море на тишината“ – Театарско искуство со посебен потпис. Вечерва во Народен театар Битола
Љубителите на театарската уметност, вечерва ќе можат да ја проследат претставата „Море на тишината“ . Претставата е во режија на Оља Лозица и по текст на Романо Николиќ и Оља Лозица. На сцената ќе гледаме автентична приказна. Оваа тетарска сензација, ќе ни ја пренесат актерите од Народен Театар Битола. Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска се дел од екипата за овој проект. На сцената ќе брилираат и Катерина Аневска – Дранговска, Марија Стефановска, Сандра Грибовска – Илиевска. Ќе имаме можност да уживаме и во актерската изведба на Петар Спировски, Александар Димитровски, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски и…