Започнува Д ФЕСТИВАЛ – Најголемиот летен музички фестивал во земјава досега!
Започнува Д ФЕСТИВАЛ Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат. Го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на уметностите, мирот, слободата и заедништвото. Повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма, како и најголемиот интерес за влезниците навестуваат дека пред нас е најдоброто издание на Д Фестивал досега чија тридневна…