25 годишнина од Центарот за германски јазик ЦГЈ ИЛИЕВИ – Незаборавен настан
Крајот на оваа учебна година означува посебна пресвртница за Центарот за германски јазик, познат и како ЦГЈ ИЛИЕВИ. Тие ја слават нивната 25 годишнина. Во чест на овој јубилеј, организираа незаборавен настан. Настан во Пациото на Завод и музеј Битола, инспириран од неодамна завршениот Интернационален фестивал на монодрамата. Учениците од Центарот за германски јазик ИЛИЕВИ, ја превзедоа одговорноста за настанот низ еден демократски и слободен процес, носејќи сами одлуки како сакаат да изгледа нивниот настап. Подготвија драмски текстови на различни интересни теми и креираа мини-сцени за да ја покажат својата визија поврзана со темата. Овој настан така се претвори не…