Битола го доби првиот болдер – Модерен дизајн по принципот на светските забавни паркови
Битола, вчера официјално го доби првиот болдер – ѕид за качување со трибина која дава мултифункционалност на објектот кој ќе се користи и за спортски и за уметнички дејности и е лоциран во долниот дел на градскиот парк. Дизајниран да ги инспирира и предизвика и сегашните и идните ентузијасти за болдеринг, а е неколкугодишна заложба на неколку битолчани кои ја споија страста кон болдерингот, со посветеност и визија на архитектонско-градежниот тим за покренување на свеста какви објекти и содржини ни се потребни во јавните простори. „Целта со овој проект ни беше да потенцираме дека крлешки, тобогани и по некое испуштено…