Светски ден на театарот – влијанието на сцената што го обединува светот! Светскиот ден на театарот се обележува на 27ми март. Овој е специјален ден , посветен на уметноста на театарот и неговото влијание врз културата и општеството. На 27ми март се слави значењето на оваа грандиозна уметност како моќен инструмент за изразување на креативни и авангардни идеи, емоции и искуства.
Во многу земји , Светски от ден на театарот се одбележува со различни настани како што се изведби на спектакли, промотивни активности, работилници, дебати и други форми на јавни настани поврзани со театарската уметност. Ова е време кога театарските професионалци, актери, режисери, драматурзи и публиката се обединуваат во заедничко славење на креативноста и културното богатство што го носи театарската уметност.
Од каде произлегла идејата за одбележување на Светскиот ден на театарот?
Идејата за одбележувањето на Светскиот ден на театарот произлегла од Меѓународниот институт на театрите (International Theatre Institute), организација која беше основана во 1948 ма година под покровителство на УНЕСКО.
Одбележувањето на Светскиот ден на театарот е иницијатива на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961ва година. Во наредната година, поточно во 1962ра, Светскиот ден на театарот почнал да се слави на 27ми март. Тоа е официјалниот датум кога е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз“. Ова беше местото каде што сцената беше светот. Операта во Пекинг, ансамлот Берлинер, Кабуки и Московскиот уметнички театар за прв пат беа видени на Запад по војната.
Главаната цел на Светскиот ден на театарот е да се поттикне светската заедница да ја запознае важноста на театарската уметност. На Светскиот ден на театарот, Интернационалната порака се преведува на 20ет јазици и им се чита на гледачите пред претставите во театрите низ светот. Македонскиот ИТИ центар го одбележува Светскиот ден на театарот и со македонска порака.
Автор на првата меѓународна порака во 1962ра година бил францускиот писател, сликар и режисер Жан Кокто.
Што содржи првата меѓународна порака на Светскиот ден на театарот испратена од Жан Кокто?
Жан Кокто во својата порака истакнува неколку значајни сегменти за природата и значењето на театарот:
1. Театарот креира парадокси: историјата се деформира со текот на времето, додека митологијата се утврдува; театарот создава моменти на вистинска реалност на сцената.
2.Споделувањето на соништата и идеите во театарот го вовлекува публикумот во колективен хипнотизам; театарот креира искуство на заедничка вoвлеченост.
3.Вистинското восхитување во театарот произлегува од споделувањето на идеи кои се различни од нашите; театарот создава облик на љубов и ОСМОЗА.
4. Театарот има моќ да надминува јазични и културни бариери што ги вклучува различните нации во заедничка иницијатива за мир.
5. Театарот е спој на објективното и субјективното, свесното и несвесното; татарот ќе му го покаже на светот, извонредното
6..„Ако театарот е мртов, да живее тeатарот.“