За уникатен изглед во вашиот street style – Необични Чанти

Необични Чанти

Постојано се алудира на најновите трендови. Што сега се носи, што е модерно, кое е најубавото моментно стилско решение секако во поглед и на аксесоарите. Зборуваме за необично, зборуваме за необични чанти!

Но, доколку го тргнеме моментот (кој најповеќе нели ги интригира трендсетерките, или модните блогерки и дизајнерите кои се свесни дека деноноќно треба да работат за да успеат во модната индустрија, затоа што ова е универзум во кој едноставно мораш да бидеш прв и над пазарот…) би заклучиле нешто сосема друго. Доколку не размислуваме дека ова е свет во кој трендовите навистина рапидно се менуваат, би посочиле парчиња облека или во случајот аксесоари и необични чанти кои можеби не се актуелни, но нам некако ни се допаѓаат. Можеби токму поради уникатноста и автентичноста.

Во продолжение погледнете ги овие (некои од нив) предимензионирани модели на необични чанти. Инспирирајте се за уште една стилска есен во која сепак ќе бидете уникатни.

необични чанти