Вечерва (22.12.2023) во 20 часот во Центар за култура – Битола, ќе се случи свечено отворање на самостојната изложба на Стефан Малбашиќ.
„Сонувајќи ја природата“ е насловот кој го носи излобата на Малбашиќ, а во соопштението за насловот велат:
-Природата како извор на инспирација и мотив за нешто убаво, секогаш е примарна. Но, истовремено е и трајна основа кај голем број уметници и творци од различни дејности.
Имено во проектот „Сонувајќи ја природата“ од ликовниот уметник Стефан Малбашиќ, ќе биде презентирана природата во најубавиот сегмент. Односно преку убавината, нежноста и привлечноста на цветот, уметникот ќе не прошета низ полињата и убавините на Кенија.
Целата изложба и дела, авторот ги црпи од неговиот престој во Кенија. Цвеќето е симбол на мир, нежност, елеганција, невиност. Малбашиќ, на автентичен начин и вечерва ќе раскаже уште една приказна раскажана на платното со
На изложбата ќе бидат презентирани уметнички дела, акрил на платно.
Во склоп на проектот ќе се реализитаат и едукативни активности кои покрај презентативната улога, уште повеќе ќе ја популаризираат современата уметност меѓу младите а и пошироката публика.