Среќата нема допирни точки со славата и парите
Во едно истражување што започна во Харвард во 1930тите, беа проучувани две групи: студенти од Харвард и млади момчиња од сиромашни семејства кои живееле во Бостон. Од изворот дознаваме дека и Џон Ф. Кенеди бил вклучен во истражувањето, според Њујорк Тајмс. Целта беше да се пронајде клучот на среќата. Според Роберт Валдингер-професор и психијатар од Харвард, среќата нема допирни точки со славата и парите. Во истатата насока, студијата од 75+години ја донесе поврзаноста на среќата со здравјето и опкружувањето со вистински луѓе што сугерира на доверба, посветеност и почит.
Она што се случуваше во истражувањето беше и скенирање на мозок, интервјуа со субјекти, тестови на крв и здравствени прегледи. Се покажа дека социјалната интерактивност овозможува квалитетно здравје и оттука, среќни луѓе. И таа среќа не е поврзана со пари туку со она што погоре е истакнато: меѓусебно почитување и доверба.
Истражувањето покажа дека живеењето во непрекинат натпревар за постигнување на високи материјални стандарди и признание може да ја оштети психичката и емоционалната состојба на индивидуата. Проицира несреќни луѓе.
Брачните парови, на пример, можат да изградат среќна и задоволувачка врска, независно од своите финансии и слава. Компатибилноста, взаемното разбирање, поддршката и комуникацијата се клучни елементи за среќа иако истите се резултат на многу „симпатични кавги и расправии“. „И не мора сѐ да биде така мазно.“- забележува д-р Валдингер.
Осаменоста е таа која убива и покрај длабокиот џеб. Харвард разбра многу одамна, дека среќата не се купува со пари.