Играчот со број 456 се откажува од плановите да замине во САД и се враќа во игрите на „живот или смрт“ после три години по победата во првата сезона од „Squid Game“. Новите учесници исто така ќе се борат за награда од 45,6 милиони долари.
Долгоочекуваното продолжение на „Squid Game“, на Netflix ќе започне да се прикажува на 26 декември. Во продожение погледнете го официјалниот трејлер.