Софија Лорен на 90 години останува симбол на сила и елеганција.
Лорен, признава дека постигнала многу, но никогаш не престанала да се стреми кон нови успеси. На шега вели дека и покрај долгогодишните обиди, сеуште не успеала да го совлада британскиот акцент. Ова само покажува дека дури и на 90 години, Софија не изгубила ни малку од својата духовитост и шарм што ја прави бесмртна во срцата на нејзините обожаватели.
Софија Лорен, иконата на филмот го прослави својот 90 – ти роденден со стил и одлучност што ја карактеризираат нејзината кариера и живот. Родена во Неапол, за време на Втората светска војна, Софија се сеќава на своето детство како време на страдање и сиромаштија. „Бомбардирањата беа насекаде, немаше храна“, вели таа. Но, таа растеше со силлна верба, надеж и решителност.
На 20 години ја одигра својата револуционерна улога во „Наполитанско злато“ иако патот до Холивуд беше тежок – таа не знаеше ниту еден збор англиски. Сепак, Лорен беше подготвена да учи и за кратко време стана меѓународна ѕвезда. Добива Оскар за улогата во „Две жени“.
Иако на професионален план ги постигна сите свои цели, таа не ја мерела среќата само преку кариерата. „Имам деца, внуци и еден мирен и исполнет живот“, вели Софија, горда на својот 41 – годишен брак со продуцентот Карло Понти и нивните два сина.
По смртта на Понти во 2007, Софија се повлече од филмската сцена и се посвети на семејниот живот. Во својот дом во Женева , опкружена со семејни фотографии и спомени, таа ужива во семејниот спокоен живот. Денес, најголемите радости ги наоѓа во времето поминато со внуците, гледањето омилени филмови и релаксирањето во нејзината градина.
Иако минатата година се соочи со сериозни здравствени проблеми по пад во кој скрши неколку коски, таа продолжува со ведар дух. „Понекогаш одењето е проблем, но умот и духот на Софија остануваат силни“, вели нејзин пријател.
Нејзината тајна? Спој на енергија, хумор и внатрешен мир. „Кога ќе се погледнам во огледало, навивам за себе“, вели Лорен. За неа, најважно е како се чувствува внатрешно – среќна, задоволна и сигурна во себе.
На 90 години, Софија Лорен останува симбол на сила, грациозност и инспирација. И не само пооради нејзиниот изглед или кариера туку поради нејзиниот дух кој и понатаму зрачи со живот.
Извор