Би рекле дека хедонизмот може да се најде и во здравата исхрана. Затоа што животот е уживање, а доколку сакате да промените нешто во исхраната, уживајте во тоа. Секое нешто ново, знае да биде момент во кој потполно ќе се опуштите во адреналинско задоволство што ќе му приреди гозба на сетилата. Така, штом сме кај здравата исхрана, пробајте го рецептот во продолжение и освежете се со смути со јагоди и ленено семе.
Состојки:
– 1 1/2 шолји јагоди
– 1/2 банана
– 2 лажици мелено ленено семе
– 2 лажички мед
– 1/2 чаша млеко
(1 чаша = 250 ml)
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
Доколку сакате потечно смути, за да ја избегнете густината, додадете повеќе млеко.