Сите си ги знајме карактеристиките на хороскопските знаци. Ги знат и оние шо не ги пратат до толку ѕвездите и оние шо не верват во астрологиите. Па верваме оти тајно сите ѕиркате шо ви пиши за денес во хороскопот и дали тие ѕвездетините ви се поклонвале. Али шо ако ја гледаме работата инаку? Смешен хороскоп. Патем, си неаме со Љутење.
Смешен хороскоп – Овен или: „Шо си во хороскоп? – Победник! “ Најак кабадаја и коловоџа! Само тие рогојте тро инает му прат!
Бик – Ц ц ц терсене. Понекогаш теленце или вол. Зависи од големината, родот, полот.
Близнаци – Дупло работат, дупло гледат, дупло думат. Изгорени се мултитаскинг да се и две работи истовремено да прат, ама некако тешко му оди.
Рак – Веќе аман, од дома да не се излегвало. Дома та дома!
Лав – Ќе ги искини сите од мање ако се пренервира. Иначе маче е пред жена му.
Девица – Хм… Името е тензично за мажите, а овие од понежнио пол, многу наивни се прат на ова прашање. (Али ѕвездите мислат поинаку, па и не се ногу ногу наивни. Нека не се прат на Тошо.)
Вага – Пазарџија бе пазараџија. Дур не измери како стојат работите, не ти работи.
Шкорпија – Обично ѕрцките знај да ти ги извај. Игра на прва топка, ама не мојш да ја сетиш. Провокатор? – о по по по!
Стрелец – Стрелецот го зафркна и Купидон со та стрелата. Тешка женакроша велат, а овие дамите ехеее… (ок, чест на исклучоци)
Јарец – Си ја редат јарците работата, ти седи таму ко туткун. Само …Отвори си ги очите.
Водолија – Сумнително и дискутабилно е дали се мераклии по вино или вода. Течност да е!
Риба – Зависи шо риба. Пастрмче мало или сом? Али и едните и другите плачат корнат!