Салатата од седум слоеви на зеленчук , лут прелив, сланина и сирење е одличен предлог за летен ручек. Во сложувањето на слоевите во салатата „учествуваат:“ една зелена салата издробена, една црвена пиперка исецкана, половина парче црвен кромид исечкан, една кесичка замрзнат грашок-одмрзнат, сварен и исцеден, една и половина шоља мајонез, едно лажиче шеќер, половина лажиче сол, една петтина од лажиче, црн бибер, две шољи рендан кашкавал и триста грама сланина, испржена и издробена.
Како се подготвува ова гурманско летно задоволство?
Во голема прозирна, стаклена чинија, (за поголем едфект) на дното се нанесуваат зелени листови. Одозгора се реди црвена пиперка, црвен кромид и грашок. Надвор од чинијата се меша мајонез, шеќер, сол и бибер и рамномерно се распоредува по основата на зеленчукот. На крајот се става ренданиот кашкавал и издробената сланина.
Пред да ја консумирате, оладете ја во фрижидерот а потоа јадете со сласт. Се надеваме ќе ви се допадне. Ако оваа салата е вкусна, утре продожете со слоевите-седум, осум, девет… употребете имагинација во подготовката на оброкот и уживајте во нови куинарски искуства.