Дали скромноста е доблест во 21от век? Што велат најновите психоаналитички истражувања?

скромноста

Скромноста како карактерна особина се смета за доблест во многу култури на живеење. Сепак, таа не е најпопуларна доблест во културата во која живееме.

Она што се подразбира под скромноста е степен на умереност и самоконтрола во однос на желбите и очекувањата. – Велат психоаналитичарите при најновите истражувања. Анализата што тие ја прават, се разбира од аспект на стандардна психолошка поставеност, констатира дека секој од нас стои во центарот на сопствените мисли, чувства и потреби.

Во таа смисла, писателот Дејвид Фостер Валас во обраќањето до диплпомираните студенти на колеџот-Кенион, уште во 2005тата година, рекол:

Сѐ во моето непосредно искуство  го подржува моето длабоко убедување дека јас сум апсолутен центар на Универзумот, најреалниот, најживописниот, најмногу важна личност што постои… Тоа е исто скоро за сите нас“.  Сите ние сме центар на светот, но тоа може да биде проблематично. Причината за тоа е што токму таа егоцентричност предизвикува пренагласена вредност на еден живот на сметка на друг. Претенциозноста не покажува почит кон другите.Тешко е да се замислат работите од перспектива на некој друг. По автоматизам, нашето „јас“ станува доминантно и се губи праведноста во секоја смисла на зборот. Тогаш се прават грешки затоа што не можеме да прифатиме дека во најголем број случаи не сме во право.

скромноста
skromnost

Кога скромноста би ја презела улогата, би завршиле многу „нешта“ со леснотија. Би биле среќни и покрај тоа што некој друг, наместо ние е во „потполно право“ на било која тема. Професорката Џен Кол Рајт, во обидот да ја дефинира скромноста, признава дека ја гледа скромноста како највозвишена доблест во споредба со сѐ друго. Еве ја причината:

Скромноста ја ублажува и корегира егоцентричноста.

Овозможува нашето  внимание да се префрли нанадвор или поинаку, „да ја слушнеме работата на цревата и во другиот стомак.“ Не сме само ние гладни. Тоа може да го перцепира кој друг, ако не, скромноста. Таа не го возвеличува своето дело иако туѓото е половично, а нејзиното цело. Способна е да ја цени вредноста на другиот во егзистенцијална и етичка смисла. Скромноста е база над која се надоградуваат сите други доблести како храброст и емпатија. Таа е во состојба да направи простор  за потребите на другите. Преку неа и со неа ја искусуваме нашата меѓузависност и трансакциска врска на хумани односи.

Сите ние има што да понудиме. Доколку скромноста отсуствува, осиромашуваме во стремежот за живот кој восхитува. Ќе се вртиме околу сопствената оска на нашите желби и очекувања, а светот нема да се врти околу нас од причина што ние не сме предмет на восхит. Тогаш сме мали суштества, речиси минорни, а сите други големи луѓе се скромни, оти разбрале дека скромноста е доблест.

Има уште нешто да се додаде во врска со скромноста. Точно е дека скромноста е доблест, но како и секоја друга, мора да биде избалансирана. Ако се изрази премногу експресивно, таа станува самоказнувачко однесување и доведува до премногу ниска самодоверба. Од истата причина, во различни култури и општества, оценката за доблесната скромност, може да варира.

Ромина М.