Зимата во Европа ќе ве остави без зборови со своите величествени планини и најдобрите ски дестинации и центри. Во овој текст, ги избравме петте врвни места кои несомнено ќе ги освојат срцата на секој скијач.
Од Швајцарија до Франција и Австрија, овие дестинации и ски центри нудат преубави искуства во светот на зимските спортови.
Zermatt, Швајцарија
Уредени падини, бесплатно скијање и хеликоптерски тури го красат ова место за зимување. Ресторани со Мишелин ѕвезди доаѓаат како екстра заокружување на ова зимско искуство.
Val d lsere, Франција
Со 90 ски-лифтови и неоддолив традиционален шарм, Вал д’ Изер е дефинитивно идеално место за уживање со целото семејство или пак доживување на романтично искуство. Она што е надвор од патеката, вклучува забава како лизгање на мраз и санкање.
Kitzbuhel, Австрија
Има 145 патеки чиј распон на вкусови е од почетници до искусни скијачи. Паркот за „дивиот свет“ и планинарските тури ви нудат авантури надвор од патеките.
Chamonix-Mont-Blanc, Франција
Лоциран во подножјето на Мон Блан и не само што нуди ски патеки, туку и сноубординг и риболов на мраз. Савојската кујна овозможува кулинарко уживање по долгиот исполнет ден со свеж водух.
Ski Arlberg, Австрија
Најголемиот ски комплекс во Австрија! Патеките на четири различни центри се обединуваат токму тука. Ова е епоцентарот на зимските спортови.
Овие пет ски-дестинации образуваат зимски букет во кој секоја латица ја изразува својата убавина и снежна приказна. Распакувајте го букетот и доживејте ги неповторливите мириси и бои.