Се работи за екстремно богати семејства каде запоседнува атмосфера на страв од неуспех кај децата. „Paracelzus Rеcovery“ – меѓународен, рехабилитационен центар што се наоѓа во Лондон и Цирих нуди медицинска помош, терапија и консултација во врска со болестите на зависност и кажува дека 40 проценти од пациентите имаат проблем со синдромот наречен „Succession.“
Имено, децата во богатите семејства се потполно запоставени од причина што нивните родители се физички и емотивно отсутни. Во отсуство на внимание и љубов, децата посегнуваат по алкохол и поврзани се со нарцизмот. Богатството за некои 27 проценти ја зголемува оваа немила состојба кај младата популација од ваква средина.
Хит драмата Succession ни го доловува тоа. Ако не сте ја гледале, сторете го тоа. Ќе ја видите вистинската слика преку ликот на Кендал, Шив и Роман. Творецот на серијата, Џеси Армстронг добива инспирација од големите бизнисмени како што се Руперт Мурдок -американски инвеститор, Самер Редстон – американски медиумски магнат , Роберт Максвел – финансиерот на осудениот педофил Џефри Епштајн.
…И нивните деца се секако голема инспирација за авторот. Во серијата се случува вистинска борба внатре во семејството кога станува збор за делење на богатството.
Оваа серија е всушност модерна варијанта на Кралот Лир. Шекспировата трагедија ја доловува истата таа борба меѓу најблиските. Кралот Лир одлучува богатството да го подели меѓу ќерките врз база на тоа колку тие го сакаат него. Студиите работени во врска со овој проблем покажуваат дека повеќе богатство носи мала или никаква емпатија, емотивна изолираност и чувство на супериорност.