Сината аура во светот на енергетските полиња се издвојува како симбол на длабока интуиција. Оваа уникатна аура обвива само ретки луѓе. Носи посебна моќ. Аурата не е само невидлива енергија… таа е деликатна врска што го обликува карактерот и открива многу за нашата природа.

Во продолжение, ќе откриеме што значи да имате сина аура и како оваа енергетска сила може да влијае на вашиот живот.

Повеќе за сината аура и нејзините карактеристики како и начините за нејзино одржување и зајакнување, прочитајте подолу:

Луѓето со сина аура се познати по својата емпатија, чувствителност и љубезност. Нивната мирна и утешна енергија ги прави омилени меѓу пријателите.

Сосема се различни од луѓето со црвена аура кои се карактеризираат со воинственост и интензивни емоции.

Сината и црвената аура се како јин и јанг    – совршено се дополнуваат . И создаваат виолетова аура како симбол на успех и хармонија.

Хороскопските  знаци кои често имаат сина аура се Рак и Вага, а чакрата поврзана со оваа аура е грлена чакра, Вишуда. Оваа чакра се наоѓа во пределот на грлото и е поврзана со комуникацијата, самоизразувањето, вистината и интегритетот. 

Луѓето со сина аура обично имаат силна интуиција и чувствителност кон увавината. Лесно ги препознаваат духовните знаци. Тие ја симболизираат имплозијата(длабок внатрешен процес на самоспонавање) и духовното патување на душата.

За да се негува и зајакне оваа аура, потребно е редовно да се практикуваат медитација и визуелизација.Луѓето со сина аура можат да пронајдат одговори преку медитација, а нивната сила над несигурноста лежи во внимателното слушање на интуицијата.