Што е ефектот на пеперутката? – Најголемите проблеми започнуваат од најмали ситници!

ефектот на пеперутката

Што е ефектот на пеперутката? Како научниците го користат ефектот на пеперутката и ја наоѓаат убавината во математичкиот хаос?

Ефектот на пеперутката е идеја дека малите нешта можат да имаат нелинеарни влијанија врз сложен систем. Овој концепт е популаризиран преку метафората на пеперутката која мафта со крилјата и предизвикува тајфун. Иако ова може да звучи како научна фантастика, суштината на теоријата на хаос е дека мали настани можат да послужат како катализатори.  Влијаат на почетните услови и водат до големи, непредвидливи промени.

Како што пишува Џон Грибин во неговото култно дело „Deep Simplicity“, некои системи се многу чувствителни на нивните почетни услови. Тоа би значело дека малата разлика во почетното „притискање“ може да предизвика огромна разлика во конечниот реаултат. Во оваа смисла, ефектот на пеперутката ни покажува како хаосот и сложеноста се длабоко вкоренети во нашите секојдневни искуства.

„Најголемите научници секогаш се и уметници“- Алберт Ајнштајн

Една од највпечатливите примени на оваа теорија е во уметноста и дизајнот. Истражувачите користат теорија на хаос за 3Д – печатење на прекрасни парчиња накит, демонстрирајќи како математичките принципи можат да создадат уметност. Како што рекол самиот Ајнштајн, „Најголемите научници секогаш се и уметници.“

Во предговорот на „Ефектот на пеперутката на конкретните пазари“ од  д-р Рајагопал, Том Бројер објаснува дека и едноставни системи кои имаат само неколку важни фактори, можат да покажат непредвидливо и хаотично однесување. На пример, Алберт Либчебер изврши експерименти со конвекција (процес на пренос на топлина преку движење на течности или гасови) во мал систем со кубен милиметар хелиум. Иако условите беа строго контролирани, системот покажа неочекувани и хаотични промени.

Генералот Стенли Мекристал во неговата книга „Team of Teams,“ истакнува дека ефектот на пеперутката често се злоупотребува во популарната култура. Наместо да биде синоним за мала работа што има големо влијание, вистината е дека малите нешта во сложениот систем може да немаат ефект или да имаат огромен ефект. Тоа практично е невозможно да се знае однапред.

Бенџамин Френклин поетски ја опишува оваа непредвидливост во неговата варијација на поговорка која постои од  14 век:

„Поради недостаток на шајка, чевелот се изгуби,

Поради недостаток на чевел, коњот се изгуби,

Поради недостаток на коњи, јавачот се изгуби,

Поради недостаток на јавач, битката беше изгубена.

Бидејќи немаше битка, царството беше изгубено

И сè поради недостаток на шајка од потковица.“

Недостатокот на една шајка од потковица може да биде незначителен, но исто така може да предизвика големи последици. Оваа непредвидливост е срцето на ефектот на пеперутката.

Едвард Лоренц, поинер во теорија на хаос, откри дека малите промени во почетните услови на еден систем можат да доведат до драматични и непредвидливи резултати. Неговото истражување во метеорологијата покажа дека дури и минимални варијации во почетните податоци можат да променат долгорочни временски прогнози. Ова доведува до заклучок дека предвидувањето на временските услови е инхерентно(суштински присутно) ограничено од хаотичната природа на атмосферата.

Заклучок

Ефектот на пеперутката ни помага да разбереме како нашите индивидуални акции можат да имаат далекусежни последици и како убавината и хаосот се нераскинливо поврзани во природата. Како што велат некои, дури и најмалите дела можат да остават голем впечаток.

пишува Ромина Марковска

извор