„Мојот страв е очигледен“ – изјави актерката Шенон Доерти.
Сите ја паметиме како Бренда од Беверли Хилс 90210. Беше еден од омилените ликови, а светската публика своевремено ѝ се поклонуваше. Но, како што можеби знаете, таа долго боледуваше од рак на дојка. Пред некое време во 2017, болеста беше повлечена, но од 2017 па до денес, актерката повторно е во агонија.
Имено Доерти, ја сподели тажната вест со фановите и на својот профил на Инстаграм откри дека нејзината битка со ракот продолжува.
Ракот на дојка со кој се бори со години и се проширил на мозокот, а тоа го открила на скенирање кое го направила во јануари годинава.
Актерката сподели и емотивно видео на кое се гледа како поминува низ зрачење и призна колку е тешка оваа битка за неа.
Шенон продолжува да се бори со злобната болест, честопати документирајќи ги вестите на социјалните мрежи за да ја подигне свеста кај луѓето да посетуваат редовни прегледи и да внимаваат на своето здравје.