Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца

Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца

Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца, потекнува од срцето на Тунис. Шакшука е гастрономска прегратка од Блискиот Исток.

Ова јадење со необично име – шакшука,  го пленило светот со едноставност и богатство на вкусови. Пржени јајца потонуваат во топол, ароматичен сос од домати и пиперки. Комбинацијата од топли зачини како ким и мелена пиперка додава нежен шмек на секој залак со шакшука,

Иако е популарна во Израел, шакшука го носи духот на Северна Африка и Блискиот Исток. Името – шакшука потекнува од арапскиот збор за „измешано сè“. Тоа е гастрономски мозаик од вкусови кој е одличен за појадок, но и совршен за брз ручек или лесна вечера.

Ако бевме доволно интригантни да го задржиме вашето внимание, продолжете со подготовка на состојките.

3 лажици маслиново масло

1 голем кромид ситно сечкан

2 зелени пиперки исечкани

2 чешниња лук, ситно исечкани

1 лажичка мелен коријандер

1 лажичка мелена пиперка

½ лажичка мелен ким

прстофат лута пиперка

6 големи домати исечкани или (конзерва доматно пире)

125 мл.  сок од домати

6 јајца

сечкан сцеж магдонос и нане за украс

сол и црн пипер по вкус

Загрејте го маслиновото масло во поголемо тенџере или тава на средна температура. Додадете го кромидот и пиперките и пржете додека не омекнат.

Додадете ги исечканите домати  и сокот од домати. Покријте го тенџерето  и динстајте околу 15 минути. Повремено мешајте го со дрвена лажица.

Отстранете го капакот и продолжете со варење додека сосот не се згусне.

Со лажица или вилушка направете шест вдлабнатини во сосот и нежно сипете го јацето едно по едно во нив.

Намалете ја температурата, покријте го садот и варете додека белките не се стврднат, а жолчките останат меки.

Откријте го садот, посипете со свеж магдонос и нане и послужете топло со тост леб,

Уживајте во ова ароматично патување и дозволете да се разгалите со магијата на Блискиот Исток во секој залак. Добар апетит!