Од каде потекнува името на месецот Септември и 9 интересни факти кои сигурно не ги знаете за Септември

Септември

Септември има што да ни раскаже! Овој месец, иако означува крај на летото, има што да ни раскаже и да го задржи нашето летно расположение.

Вo продолжение прочитајте неколку факти за првиот есенски месец напишани од авторот Robin James. Сварете си чај и уживајте во деновите на можеби најромантичниот месец во годината. (Иако сепак веруваме дека има барем уште малку од летото).

1.Зошто деветтиот месец од годината  се вика септември?

Зборот  „sept “ во  латинскиот јазик се однесува на бројот седум. Во римскиот календар тоа бил седмиот месец, а не деветтиот. Грегоријанскиот календар масовно го променил тоа, но коренот на зборот септември – sept сепак останал да живее како „седум“. Календарите  предизвикале конфузија. Има аномалија во префрлањето помеѓу римскиот и грегоријанскиот календар. Поточно, во 1752 година, кога се смениле календарите, луѓето откриле  дека изгубиле 11 дена – затоа што Велика Британија го слави само 19 дена таа година. Како би се снашле со ваква конфузија , денес?

2.Овој месец е многу вообичаен за родендени!

Во септември се раѓаат многу бебиња. Можеби долгите ладни зими се „виновници“?!  Особено, 26ти е датумот кој е најчестиот роденден за  луѓето родени во последните две децении.

3.Септември е месецот на сафирот! Интуиција, мир и јасност на мислата им носи синиот сафир на сите оние кои се родени во есенскиот месец. Овој камен има лековити својства за родените во деветтиот месец.

4.Во ова време, се подарува  цвеќето кое пренесува порака што гласи:„Не, не заборавај ме“!

Станува збор за „Астерот“ кој има цут како маргаритка , со виолетова боја чии латици личат на ѕвезди. Астерот е инспирација и за Клод Моне , познатиот француски импресионистички сликар кој го претставил цутот во неговата слика  „Ваза со астери“ – 1880 година.

астер цвеќе во Септември

5.Тој е домаќин на чудни национални прослави во САД!

Како илустрација, 19 септември е Меѓународен ден на зборување како пират (на овој ден може да се сменат одредени веб-локации и пребарувачи за да се прикаже текст преведен од Пирати; Фејзбук беше дел од забавата во минатото).

6.Во септември се слави почитта кон постарите!

Во септември, повторно во САД, има Национален ден на бабите и дедовците.  Се слави нивната мудрост и сите баби и дедовци, тој ден се ѕвезди на чии лица се враќа младешкиот изглед при евоцирањето спомени во взааемната дружба.

Интересно , зарем не? Би можеле и ние овде на Балканот да го пресликаме празникот и да ги подмладиме  и освежиме лицата на нашите баби и дедовци.

7.Во овие денови, се слават компирите, јачменот и бисквитите?!

Што имаат заедничко овие продукти?! Веројатно јагленохидрати. Добро би било да ги складирате , токму во овој месец, во нивна чест! За јачменот, дознавме дека англосанксонците во изминатите векови,  во септември  го собирале својот јачмен, традиционално. Оттука и прослава за јачменот.

8.Работите се менуваат во септември!

На  23ти септември сме сведоци на есенска рамноденица. Ова е промена на летото во есен и денот и ноќта  се приближно исто време.

9.Септември е голем духовен (спиритуален) месец!

Михаелмас е келтска прослава- фестивал  која се отвора на 29 септември и го означува крајот на бербата. Значаен месец за еврејската вера. Рош Хашана започнува кон крајот на месецот.

Без разлика каде се наоѓате во светот, септември ви нуди многу настани за уживање.

https://factcity.com/facts-about-september/