Сеизмичката активност на Санторини, продолжува – Над 5 000 лица го напуштиле островот

Сеизмичката активност на Санторини, продолжува!  Островот го напуштиле над 5 000 луѓе. Од 1 – ви февруари, регистрирани се повеќе од 240 потреси над три степени, од кои 39 биле посилни од четири степени.

Директорот на Геодинамичкиот институт во Атина, Василис Карастатис, вели дека сеизмичката активност на Санторини не се намалува, а според експертите, активни се помали раседи северозападно од Аморгос, без опасност од голем земјотрес.

Во меѓувреме, поради стравот, многумина го напуштаат островот. Авиокомпаниите „Ејџијан“ и „Скај експрес“ воведоа вонредни летови, а и бродските компании организираа дополнителни линии.

Грчките власти ги продолжија превентивните мерки – училиштата остануваат затворени, а граѓаните се повикани на претпазливост. Премиерот Мицотакис апелираше на смиреност, најавувајќи детална научна анализа за состојбата.

seizmichkata aktivnost na santorini prodolzuva nad 5 000 lica go napushtile ostrovot

Сеизмолозите предупредуаат дека нестабилноста на тлото може да потрае во наредните недели, со оглед на активните раседи (пукнатини во земјината кора) северозападно од Аморгос. Професорот по геофизика Костас Синонис објаснува дека еруптивната историја на Санторини и блиските острови бара зголемена внимателност иако моменталните потреси не укажуваат на вулканска активност.

Локалното население е загрижено, а туристичкиот сектор веќе трпи сериозни последици. Хотелиери известуваат за масовни откажувања на резервации, додека дел од бизнисите привремено ги затворија објектите.

Во меѓувреме, научни тимови продолжуваат со детално следење на состојбата. Европскиот сеизмолошки центар (EMSC) исто така спроведува анализи на податоците, а се очекуваат нови проценки за потенцијалните ризици.

[post_tags]