Многу жени се одлучуваат на позитивен одговор штом е во прашање стилизирањето на косата во оваа боја. Седата коса, тие ја дефинираат како самодоверба и апстрахиран страв од староста, гордо чекорење во зрелите години. Но, има и тави мислења кои сметаат дека оваа пренагласеност на ваквиот тренд станува нападна и едвај чекаат трендот да го сместат во модното ќоше наречено: AУТ!
Како и да е, според нас, вие сте оние кои одлучувате дали ќе го искористите ова како адут или не. А за мажите? Па нели за нив е нормално? Епа тогаш…
Во продолжение погледнете неколку фризури и сами заклучете на кого подобро му стои, на мажите или жените? Сепак, би заклучиле дека оваа боја доаѓа како природен процес и стои рамо до рамо со стареењето, па колку и да ја прикриваме, свесноста за неа е секогаш присутна.
Од тука, би заклучиле…На кого подобро му стои староста?