Резултати од пребарувањето за: манаки

БРУНО ДЕЛБОНЕЛ ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА ЖИВОТЕН ОПУС НА 45. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

Оваа година од 21-27 септември во Битола ќе се одржи јубилејното 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, соопшти на денешната прес конференција, директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски, кој го соопшти годинешниот лауреат на наградата за животен опус Златна камера 300. БРУНО ДЕЛБОНЕЛ ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА ЖИВОТЕН ОПУС НА 45 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Делбонел, член на „Браќа Манаки“ е високо почитуван кинематографер. Бруно Делбонел има значаен придонес во светската филмска уметност. Роден во 1957 година во Нанси, Франција. Студирал филозофија на Сорбона и завршил на ESEC во Париз. Започнал со режија на кратки филмови. Тој брзо преминува во кинематографија каде го започнува неговиот впечатлив опус. Со Жан Пјер Жено, Делбонел соработува на филмови како „Амели“ и „Многу долга венчавка“ што му донесуваат номинации за Оскар.…
Прочитај повеќе

Филмска финеса-Приказ на „Браќа Манаки“

Организацијата на ,,Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки“ по повод 45тото издание и 50-годишнината на Кинотека влучува специјална проекција на филмот „Персона“ од 1966 година. Ова е дело на шведскиот конематограф Свен Никвист и неговата соработка со режисерот Бергман. Техниката на Никвист вклучува минимално осветлување, автентични локации и виртуозност во „кадри одблиску.“ Ретроспективата на фестивалот претставува седумнаесет филмски дела до крајот на мај . Вклучени се филмови фотографии од минати лауреати на „Браќа Манаки.“ Филмовите од ретроспективата вклучуваат дела од кинематографери како Роби Милер, Вим Вендерс, Роџер Дикинс и Беноа Деби. Посебни датуми и филмови кои ќе бидат прикажани во ретроспективата, ги вклучуваат „Париз, Тексас“, „Големиот Лебовски“  и „Влези во празнината“.
Прочитај повеќе

Заврши „На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ – Стихови, филм, музика, Битола блескаше во културно-уметнички бои

Стихови, филм, музика, Битола блескаше во културно-уметнички бои, а сега заврши „На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ. Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ поттикна манифестација на настани со широк спектар на културно-уметнички бои. Изминатите осум дена КЦ Магаза во Битола создаде интердисциплинарна програма со топло добредојде и на домашните потенцијали. На уметничката сцена се испреплетија изложби, книжевни муабети, работилници. Еукативни и инспиративни, стендап, проекции на документарни филмови, многу музика, пезија, филм. Заврши „На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ Програмата започна со книжевните муабети со писателката Румена Бужарковска и едукативните работилници   „Наследниците на Манаки“, наменети за средношколци. Секој нареден ден во нова содржина. Изложбата на фотографии „Со љубов од Битола “ ја долови убавината на Битола.Го истакна златниот пресек на трдиционалното и модерното. Истото го спакова со инфо-кре работилница…
Прочитај повеќе

За Офф програмата на ИФФК „Манаки“ 2023 Диоген Хаџи Коста Милевски во југото на Мими

Диоген Хаџи Коста Милевски беше гостин во емисијата од серијалот кратки видеа за Офф програмата на ИФФК „Манаки“ 2023 во југото на Мими Во серијалот кратки видеа за Офф програмата на ИФФК „Манаки“ со Мими во југото се повози Диоген Хаџи Коста Милевски. Познат фотограф битолчанец, пред сѐ, уметник. Неговите фотографии се навистина мевлем за око. Како што тој понатаму раскажува во интервјуто и разговорот со Мими, голем е предизвикот да се занимаваш со оваа професија. „Предизвикот на фотографирањето е раскажувањето на приказната!“ Така вели Диоген нагласувајќи го моментот дека зад креирањето на најубавите приказни, стои поголем тим. Имено Коста Милевски, веќе шеста година е официјален фотограф на овогодинешното издание на Интрнационалниот филмски Фестивал. А за работата таму, ќе каже дека e големо и вoзбудливо искуство. Можност да запознаеш легендарни…
Прочитај повеќе

44 Издание на „Браќа Манаки“ – Фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом

Започнува еуфоријата за 44 издание на меѓународниот филмски фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки“ Кинематографијата на Балканот е актуелизирана со „Камера 300“ . Тоа е и името на главната награда за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Фестивалот останува во својот дом во - Битола, градот каде циркулира животот на филмот. -Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости. Имаме 65 филмови и 37 ноќни забави. А годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски…
Прочитај повеќе

Последен ден за пријави: Трчај бе 2024

Трчај бе 2024 – трка која оди на црвениот килим Оваа година. На 22 септември, градот Битола повторно ќе биде домаќин на популарната Трчај бе со Алпско. Настанот е во викендот во кој започнува престижниот Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Градот ќе биде место на средба на ѕвездите кинематографери од светот... Но, и на вљубениците во трчањето. Па токму од таа причина, мотото на овогодинешното издание е: „Филм ми е да трчам“. Трчај бе овој пат, во 2024, ќе трча по својот заслужен црвен килим. Во пет трки на 5, 10 и 21км, со тоа што годинешниот полумаратон е и Национално првенство кое го ораганизираат домаќините со Атлетската федерација на Македонија. Денес е последниот ден за пријави. Па сите оние кои сè уште размислуваат, не ја пропуштајте можноста да…
Прочитај повеќе

Вечерва СЕРЕНАДА за градот наш БИТОЛА

На платото пред Офицерски дом, вечерва во 21.00ч ќе се започне второто издание на фестивалот ЕХ, ТАА СЕРЕНАДА Штотуку заврши последната проба со Камерниот оркестар на Битола кој во живо ќе ги прати познатите македонски легенди и новите сили на македонската естрада кои беа селектирани на конкурс распишан за овој фестивал. “Сите шеснаесет нумери се нови и авторски и тоа е значаен чекот во зачувувањето на традицијата на македонската музика, на серенадата и на традицијата која некогаш била присутна овде.Ќе ви подариме една прекрасна вечер каде ќе го вратиме сјајот на најопејаниот град, Битола.“ - истакна директорот на КИЦ Благојче Божиновски. Фестивалот има потенцијал да стане дел од концептот на градот Битола за интегрирање на културната и туристичката понуда. “Вакви манифестации секако можат да придонесат кон туристичка промоција на Битола…
Прочитај повеќе

Кога фотографијата сведочи за просторот и времето – Реализиран проектот ФОТОКОЛOНИЈА ПЕЛАГОНИЈА

Фотографијата како медиум за уметничка експресија низ годините го менува својот примат. Но, она што останува константно е нејзината моќ да сведочи за просторот и времето во кое е создадена. Проектот ФОТОКОЛOНИЈА ПЕЛАГОНИЈА е замислен токму по линиите на таа премиса. Истиот го реализира Центарот за европски развој и интеграција од Битола. ФОТОКОЛOНИЈА ПЕЛАГОНИЈА се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура. Во рамки на програмата за визуелни уметности и архитектура за 2024 год, е поддржан и од БВ – бизнис груп и партнерот на проектот - Центарот за култура Битола. Колонијата во своето второ издание опфаќа дванаесет фотографи аматери и почетници од Битола. Тие во двата дена на едукативни и теоретски работилници, разменија искуства... Совети кои ќе им помогнат во процесот на создавање на фотографиите во иднина. Првиот…
Прочитај повеќе

БИТОЛА Честит 4 ти Ноември! – Разбуди се во Битола со кафе и мирис на магнолија!

Битола е приказна, Битола е конзулска, боемска, епска... Светилник на се она што било, на она што е и она што ќе биде.Разбуди се во Битола, разбуди се и потсети се на 4 ти Ноември! Кога одново ја родија нашата Битола! Фотографии на Агим Џело Битола е песна, љубов...Малку кај саатот, малку во чаршија, малку на Тумбе кафе. Битола е кафето на Широк Сокак. Брендот на кабадаите. Битола е секогаш нова отворена визија, нова страница, нова мисла, идеја, секогаш одново искажана поезија. Разбуди се во Битола и потсети се на 4 ти Ноември! Слави го овој датум! Фотографија на Диоген Хаџи Коста Милевски Битола е Елени Каринте и Кемал. Таа е зародишот на уметноста. Битола е Манаки, театарот, музејот... Срдечното „Добро утро“ на пекарот дури ти го дава топлиот симит,…
Прочитај повеќе

Соња Михајлова – Женскиот бард на театарското глумиште – ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА “ Куфер. МК“

Салата на киното „Манаки“ во Битола, вечерта на 2ри ноември, одново беше преполна. Се случи премиерата на монодрамата „Куфер.МК“ во изведба на брилијантната актерката Соња Михајлова, во режија на Благој Мицевски. Настанот се случи во пресрет и по повод на 4ти Ноември, денот на ослободувањето на градот. Патувањето низ „живата претстава“ започна  со детството на актерката Соња Михајлова, преку животот во државата Југославија за да на крај остане и продолжи да егзистира во оваа денешна Македонија. Многу различни мириси, суптилни и суштински сеќавања. „Куфер.МК е мојот личен влог и влог на екипата на претставата, Благој Мицевски, Миодраг Неќак и Марјан Ѓеорѓиевски. Мојот предизвик всушност беше мојата потреба во овие ранливи времиња што ги живееме, време на секојдневни промени кои атакуваат врз нашите животи и пукаат шавови во сопствениот и поминат…
Прочитај повеќе