Некои сонуваат за ваков луд мамурлак: Пијани американски туристи ја поминале ноќта на Ајфелова кула
Па што? Веројатно сите копнееме по некоја уникатна приказна што со „гордост“ ќе ја раскажуваме на идните генерации. Се разбира, потајно сонуваме и таа приказна да е малку повеќе откачена, но сепак сите си имаме граници… Ако сте и вие дел од оваа „екипа“ авантуристи или дел од оние сонувачите, сигурно ќе ве интересира веста. Имено, пијани американски туристи, се разбудиле со мамурлак на Ајфелова кула. Веројатно не ги знаеле границите, но што е тоа е. А бидејќи нели со чашка две имаш повеќе храброст, тие успеале тајно да се качат на Ајфелова кула во Париз. Па и не само што влегле, туку и преноќиле таму. Веројатно на ваквиот мамурлак, мнгоумина „љубители“ на алкохолот завидуваат.
Своевремено, компанијата која управува со познатиот париски споменик, објавила дека чуварите ги пронашле двајцата туристи по ноќта помината под ведро небо.
Американциве се наоѓале помеѓу вториот и третиот кат на Ајфелова кула, во делот каде што посетителите не смеат да влезат.
„Тие не претставуваа очигледна закана“, рече компанијата Сете. „Влезот го платиле на 13 август околу 22.40 часот. На враќање од врвот, ја прескокнале оградата и преминале на див простор“ , соопшти полицијата.
Припадниците на специјалната единица за качување на противпожарната служба помогнале да се спуштат двајцата туристи на безбедно.
Компанијата Сете најави тужба, но сепак обвинителството одлучи да не ги товари за неовластено влегување во објект од историско и културно значење бидејќи не е причинета штета. – пренесуваат медиуми.
Сега и ако се извлечат без тужба и без да платат било каква казна, дефинитивно ќе имаат што да им раскажуваат на внуците. (Освен делот со алкохолот)