Во сабота 1 jуни во младинскиот културен центар се одржа третото издние на фестивалот на јапонска култура Сакура фестивал. И покрај повеќето интересни настани кои се случуваа тој ден ни Скопје, посетеноста беше доста голема.
Сакура фестивал се одвиваше на повеќе сцени. Вклучуваше изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба и храна, презентации и панел дискусии.
Поголем дел од учесниците беа македонци инспирирани од јапонската култура. А во панел дискусии, презентации и работилници беа вклучени и јапонски граѓани кои живеат во Скопје.
Од организацијата нагласија дека целта на овој настан е да се покаже дека со желба и ентузијазам може се да се оствари преку граѓанско здружување и многу работа. Јапонската култура е инспирација. Инспирација за да зголемување на значењето на општествената одговорност – која е на многу високо ниво во Јапонија.
Работа за унапредување на општеството преку личен пример во областа на културата, е она што ги мотивира да организираат вакви настани.
Организацијата japan.net.mk е граѓанско здружение кое има за цел унапредување на културата во земјава преку организирање настани од сите области на културата инспирирани од јапонското чувство за одговорност, почитување на природата и посебна почит кон естетиката.
Фотограф: Небојша Гелевски – Бане
ПР текст