С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена. Имено, фестивалот на сцена ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал. „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ . Полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња. Но, и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание наС.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… Ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Влезниците за С.О.С фестивалот веќе се пуштени во продажба, и тоа онлајн преку мрежата на mktickets.mk и во продажните салони на mktickets.mk. Истите до 10 мај ќе се продаваат по промотивна цена, односно по 600 денари.
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: 15 јуни; 20:00 часот; Ракометно игралиште – Битола.
П.Р. текст