Предлог ручек и посебно гатсрономско искуство

ручек

Ок, можеби асоцијацијата за ручек е секогаш во денот Недела. Денот кога целото семејство е дома, а вие имате од повеќе време да уживате во кулинарскиот универзум. Во продолжение, ви нудиме еден вкусен рецепт кој ќе го готвите со задоволство, а богами и исто толку и ќе го уживате.

ручек пилешко рецепт

Потребни состојки:

500 гр пилешко бело месо (филе)

околу 600 гр просо

малку масло и путер

3 дл павлака

малку сол,

бибер и вегета

150 гр гауда

малку супа

Подготовка:

Најпрво, исечкајте го пилешкото и потоа пропржете го. Извадете го, додадете павлака во маслото и направете сос. Секако додајте ги зачините по вкус ( тоа би било малку сол, бибер, суви зачини). Над сето тоа додадете малку вода.

Просото ставете го во сад и прелијте го со топла супа, за малку да омекне и да се исцеди вишокот на супа. По неколку минути исцедете.

Намачкајте го садот во кој ќе го подготвите идеалниот ручек. На дното ставете половина од просото, па пилешкото, па половина од преливот од павлаката. Ставете го остатокот од просото, па покријте со павлака, посипете малку сирење и ставете ја во рерна на 200 степени без вентилатор, 30 минути, додека кашкавалот не порумени.