Макс Парк (21) е американецот кој постави нов светски рекорд во решавање на Рубиковата коцка. Имено, ја решил за само 3,13 секунди надминувајќи го кинезот Јушенг Ду кој го држеше претходниот рекорд со решавање на рубиковата коцка за 3,47 секунди во 2018 година.
Меѓу другото, Макс досега има освоено над 400 турнири. Интересен е фактот што тој беше прикажан во документарниот филм на Нетфликс „The Speed Cubers“ во 2020 година.
Ова момче, во минатото имало достигнато неколку Гинисови рекорди, решавајќи различни големини на коцки. Неговото најголемо достигнување е тоа што ја решил рубиковата коцка за најбрзо просечно време со само една рака.
Парк, кој има 170.000 следбеници на Инстаграм, доби повеќе од милион прегледи соборувајќи нов рекорд, пишува.
Имено на овој генијалец, како дете му бил дијагностициран тежок аутизам, а неговите родители во едно интервју во 2019 година, изјавиле дека решавањето на рубикова коцка, било решението за да му се помогне на ова дете.